„Твојата љубов е наша сила“: Сузана Турунџиева емотивна на 10-годишнината од смртта на сопругот Марјан
Сузана Турунџиева тагува секоја година на овој ден. Токму денес навршуваат 10 години откако го изгуби својот сопруг Марјан Јовановиќ.
Преку емотивна објава на социјалните мрежи, таа се потсети на љубовта на својот животен сопатник, кој си замина прерано, и му се заблагодари за сите прекрасни моменти.
Ова утро се навршуваат 10 години без тебе Марјане💔, во кои твоето отсуство го чувствуваме секој ден...
Времето лета, децата пораснаа, добивме и внуци, но љубовта, спомените и трагата што ја остави во нашите срца, остана засекогаш ..
Многу ни недостасува твојата насмевка, хумор, твоите зборови и топлината што ни ја даваше. Болката со годините се менува, но никогаш не исчезнува. Научивме да живееме со празнината, но никогаш да не престанеме да те сакаме и да те спомнуваме.
Ти благодарам што моето дете го сакаше како свое...
Ти благодарам за секој момент кој го споделивме, за секоја лекција и за љубовта што ни ја подари...
Твојата љубов е наша сила.
Марјан Јовановиќ почина од инфаркт на почетокот од 40-тите години од својот живот. Тие имаат една заедничка ќерка Матеа, а Сузана има уште една ќерка од бракот со Александар Маленко, која Марјан ја прифати како своја ќерка.