• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Една на 15 милиони: Марија роди четири идентични сина зачнати по природен пат

28 октомври 2026, 12:35
  • cподели

Марија Тапија стана мајка на четири момчиња кои се вистинска реткост во медицината. Четирите бебиња се еднојајчани близнаци, односно настанале од една оплодена јајце-клетка која се поделила на четири ембриони. Ваквите природно зачнати еднојајчани четворки се исклучително редок феномен, чија веројатност се движи од еден случај на 10-15 милиони.

38-годишната мајка од Колумбија се породила на 21 октомври, во 34-тата недела од бременоста, во клиниката „Дел Прадо“ во Меделин. Со нејзиниот партнер Џонатан Запа, таа допатувала од градот Каукасија за да добие соодветна медицинска грижа во последните недели од бременоста.

Породувањето започнало околу 14:40 часот, а браќата се родиле во интервали од приближно минута и половина. Прв на свет дошол Маријано, а последен Тијаго. Родителите на своите четири сина им ги дале имињата Маријано, Максимилијано, Емилијано и Тијаго.

За Џонатан и Марија, сознанието дека ќе станат родители на четири бебиња било вистински шок. Таткото се вклучи како гостин во емисија на телевизијата Telemedellín и се присети на моментот кога за време на ултразвучниот ехо-преглед лекарите им соопштиле дека не очекуваат едно, туку четири деца.

„Молк, целосен молк во тој момент! Тоа беше вест која нè остави целосно без зборови“ - раскажа тој.

Иако првичната реакција била неверување, родителите сега се соочуваат со возбуда, но и со предизвиците кои ги носи грижата за четири новороденчиња истовремено.

„Најважно е што ги донесовме на свет. Сега мора да размислуваме за сè што следува. Сепак, четворица се“ - изјави гордиот татко.

По раѓањето, бебињата се во стабилна состојба и во инкубатор, под постојан медицински надзор. Според изјавите на нивниот татко, момчињата добро реагираат на терапијата и негата, додека Марија се опоравува во болница.

„Ја обожавам мојата сопруга“ - додаде среќниот татко кој работи како електричар.

И мајката и таткото имаат по две деца од претходни врски.

Најнови

  • Една на 15 милиони: Марија роди четири идентични сина зачнати по природен пат

    Wed, 10/28/2026 - 12:35
  • Клиника „Жан Митрев“ со значајна улога во европското сестринство: Жанета Богоевска Митева претседаваше со европскиот состанок во Краков

    Wed, 10/28/2026 - 12:29
  • 70-годишната Крис Џенер во наметка на Елизабет Тејлор – приказната зад уникатната креација

    Wed, 10/28/2026 - 12:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.