• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Тука сум да ви покажам колку она што го гледате на Instagram не е реалност“: Блогерка за негативната страна на социјалните мрежи

9 март 2021, 10:03
  • cподели

Блогерка го покажува своето тело во реално светло, со целулит и стрии, со цел да ги „нормализира нормалните тела“.

Џорџи Кларк ги покажува лукавите пози кои ги користат Instagram ѕвездите за да имаат помала половина, поголем задник и стомачни мускули, создавајќи нереалистични стандарди за убавина. 28-годишната блогерка вели дека со текот на годините научила да позира за да изгледа одлично на фотографиите и дека тоа не значи дека изгледа така во вистинскиот живот.

Џорџи Кларк Џорџи Кларк

„Ова е потсетник да престанете да бидете толку строги кон себе, бидејќи сè што гледате на Instagram не е реалистично и вистинито. Да се споредувате себеси со редактирани/позирани фотографии како овие може да биде навистина штетно. Време е да го нормализираме гледањето на нормални тела тука и време е да научиме да се сакаме сите, без разлика дали сме опуштени или позираме“ – вели таа.

Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк

Кларк беше дел од реалното шоу „Survival of the Fittest“ и стекна голема слава на социјалните мрежи. Но, таа вели дека учеството во тоа шоу и славата ѝ донеле и многу негативни коментари кои ѝ создавале несигурности. Таа започнала да се изгладнува себеси за да се вклопи во очекувањата на интернет корисниците и воопшто не била среќна.

Дури откако престанала да ги чита негативните коментари за себе, таа научила да се сака себеси онаква каква што е. Сега, нејзина мисија е истото да им го пренесе и на другите жени и девојки кои се престроги кон себе и кои се споредуваат со Instagram ѕвездите.

Џорџи Кларк

Кога се изгладнував себеси за фотосесија во бикини VS Среќна и со здрав начин на размислување и здраво тело

Не би рекла дека некогаш сериозно сум страдала поради мојата тежина или изглед... Но, откако излегов од Survival of the Fittest, бев ставена под лупа и читав многу негативни коментари за моето тело. Нешта на кои никогаш претходно не сум размислувала ми станаа несигурности. Непознати личности на интернет дефинираа како треба да изгледам.

Се опседнав со вежбање и честопати не јадев ништо пред фотосесија. Кога сега ќе погледнам наназад, се обидував да се вклопам во тело во кое не бев среќна. Се обидував да станам она што мислев дека сите останати сакаат да бидам. И покрај тоа, добивав негативни коментари.

Се откажав, престанав да се обидувам да им угодам на сите и едноставно се фокусирав на она што мене ме усреќува. Престанав да одам на фотосесии кои ми создаваа притисок да изгледам на одреден начин. Престанав да ги слушам коментарите, бидејќи само ти може да дефинираш како се чувствуваш за себе. Не е важно што мислат другите, ти си убава онаква каква што си.

Сите имаме различна претстава за убавината, а стандардите за убавина во медиумите постојано се менуваат, па никогаш нема да можеш да се вклопиш во сечии идеали за убавина.

Заборави што мислат сите останати и фокусирај се на себе. Гледај ја храната како гориво, вежбај затоа што ти сакаш, прави си реални фотографии и сакај ги. Имаме само еден живот, не го поминувај во казнување на твоето тело. Твоето тело секој ден прави неверојатни работи, грижи се за него и сакај го.

Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк

„Мојата цел е да ги охрабрам жените да го сакаат своето тело онакво какво што е. Ајде да продолжиме да објавуваме реални и нередактирани фотографии на Instagram за другите жени да се чувствуваат неверојатно онакви какви што се“ – пишува Џорџи.

Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк

Видео

View this post on Instagram

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк Џорџи Кларк
Tags
блогерка
Instagram

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.