• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Трпела насилство 35 години, го убила сопругот со секира: Гордана Сиљановска-Давкова помилува жена која над 17 години помина во затвор

14 август 2026, 11:35
  • cподели
Гордана Сиљановска-Давкова

Шефије Јакупи беше помилувана од Гордана Сиљановска-Давкова речиси пред крајот на одлежувањето на затворската казна од 20 години.

Македонската претседателка образложи зошто ѝ ја скратила казната на жената која свирепо го убила својот сопруг откако 35 години била жртва на насилство од негова страна:

„Многупати го прочитав делото. Се работи за сурово убиство, но веројатно јавноста знае дека таа жена била подложена на продолжено насилство повеќе од 35 години. Затоа, мислев дека јас, како жена, морам да имам разбирање за еден живот што од утро до вечер бил исполнет со насилство. Се разбира, јас сум сега Претседателка, имам можност за помилување и мислев дека навистина оваа жена, особа, мајка, сиот живот тероризирана сопруга, заслужува слобода, како што самата изјавила, дека многу би сакала крајот на животот или староста да ја доживее на слобода, дека го заслужува тоа.

Таа е човечко суштество, отслужила многу, а мислам дека од мене заслужува разбирање. Мислам дека секоја друга жена на моето место, како Претседателка, би го сторила истото.“

71-годишната Јакупи од селото Зајас, Кичево, за „Фокус“ ја имаше раскажано животната приказна. Имено, откако на 18 години била омажена со стројници и за првпат го видела 5 години постариот сопруг на свадбата, таа западнала во вртлог од насилство.

Брачниот пар се преселил во Германија, но семејната тортура не престанувала.

„Ме тепаше, пиеше, одеше по швалерки… Дури четирипати лежев во болница откако ќе ме претепаше. Трпев, трпев со години, но еден ден веќе не можев“ – споделила таа за „Фокус“ пред 4 години.

Според нејзината изјава, Шефије го убила сопругот Абаз откако тој ја нападнал и пресекол со секира, а потоа го искасапила телото со електричен нож. Убиството било утврдено кога остатоци од телото ја затнале канализацијата во местото каде што живеела во Дизелдорф.

По ужасното убиство,  Јакупи  се вратила во Македонија, а полицијата ја понаша во психијатриската болница во Демир Хисар.

Со помилувањето, на Шефије ќе ѝ се намали казната за 1 година и 6 месеци.

Tags
Гордана Сиљановска-Давкова

Најнови

  • Наградна игра на Diamond Mall

    Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

    Fri, 08/14/2026 - 12:41
  • „Саваш Балдар“ од турската серија „Љубов и казна“ го очекува второто дете, сними фотосесија со бремената сопруга

    Fri, 08/14/2026 - 12:23
  • Стефанија Гаштарска

    Спој на балетот и фолклорот: Стефанија Гаштарска грациозна во спотот за IDO European Championship 2026

    Fri, 08/14/2026 - 11:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.