• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Трогателно: Мајка делфин со денови го носеше со себе своето мртво малечко, претходно изгуби и 4 други делфинчиња

7 август 2026, 11:00
  • cподели

Мајка делфин од Западна Австралија го трогна светот откако со денови го носеше телото на своето мртво младенче. Ваквото однесување научниците го поврзуваат со процесот на тагување.

Станува збор за делфинката Фрегл, која го изгуби своето делфинче старо 2 недели. Таа претходно се соочила и со смртта на четири други младенчиња.

Истражувачите од австралиската организација Geographe Marine Research со дрон ја снимиле нејзината потресна борба да не се раздели од своето бебе. Според нив, младенчето уште од раѓање имало забрзано дишење, што било знак дека шансите за преживување се многу мали.

Снимките покажуваат дека Фрегл со денови го носеше своето малечко низ водите, додека останатите делфини од јатото постојано биле околу неа, како да ѝ даваа поддршка во најтешките моменти.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Geographe Marine Research (@geographemarineresearch)

Научниците објаснуваат дека ваквото однесување е забележано и кај други делфини и китови. 

Мајките често со денови ги носат своите мртви младенчиња пред конечно да ги пуштат, бидејќи на крајот мора да почнат повторно да се хранат и да продолжат да живеат.

Иако никој не може со сигурност да каже што чувствуваат животните, експертите сметаат дека овие сцени се силен показател дека делфините доживуваат емоции кои многу наликуваат на човечката тага.

Tags
делфин

Најнови

  • Втората дама на САД за малку ќе паднеше со бебенцето, критики за реакцијата на офицерите до неа

    Tue, 10/06/2026 - 13:57
  • Моментот кога научник им кажува на трите деца дека доби Нобелова награда, нивната реакција стана хит

    Tue, 10/06/2026 - 13:49
  • Колекција на Ели Сааб

    Романтика на гола кожа: Ели Сааб со сензуална колекција инспирирана од Стариот Холивуд

    Tue, 10/06/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.