• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Тренд во естетската хирургија е постигнување на природен изглед

14 септември 2024, 15:47
  • cподели

Синоним за естетска хирургија кај нас се лицата од медиумите кои ја применуваат да зголемат усни, ставаат силикони или премногу ботокс. Но, последните трендови се да се избегнува ваквиот тип на зафати. Природниот изглед се враќа како тренд. Колку и како треба да се прават корекции, мислење побаравме од д-р Илина Гаџевска Томулевска, од Клиниката Жан Митрев.

Илина Гаџевска

Според д-р Гаџевска самата естетска хирургија е погрешно сфатена кај нас и има погрешна перцепција. Таа објаснува дека естетскиот хирург треба да направи сè да го убеди клиентот што е најдобро за него, бидејќи секој од нас на огледало си ги гледа недостатоците поголеми од она што се.

„Постојаната дилема во естетска хирургија е балансот помеѓу желбите на пациентите од една страна и ставот на хирургот од друга страна. Повеќето од пациентите кога се гледаат во огледало своите недостатоци ги гледаат многу поголеми од она реално, или со други зборови кажано не се доживуваат, перципираат себеси на ист начин како што нив ги перципира околината. Сигурно многу пати сте слушнале за некои личности кои направиле повеќе естетски операции или процедури. Покрај тоа што мора да постои индикација за хируршкиот зафат, хирурзите имаат една голема задача да проценат самостојно или во консултација со психијатар дали пациентот има реални очекувања од саканата хируршка интервенција“ – вели д-р Гаџевска.

Илина Гаџевска

Д-р Гаџевска објаснува дека кај нас овие услуги ги бараат повеќе жените, но дека обврска на докторот е да постигне баланс помеѓу желбите на пациентите и потребата промените да изгледаат природно.

„Сè што се прави треба да се стреми кон сè поприроден и симетричен изглед. Во последните години, како во светот, така и кај нас, естетската хирургија е во подем. Македонската современа жена во последните години разви сè повисока свесност за тоа како изгледа. Желбата да се изгледа помладо и поубаво, а со тоа и посамоуверено ги подигна границите на она што се бара и очекува од нас хирурзите“ – објаснува д-р Илина Гаџевска Томулевска, од Клиниката Жан Митрев.

Илина Гаџевска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.