„Традиција со Мама“: Дејвид Бекам со мајка си Сандра на Вимблдон по операцијата на раката
Секоја година, Дејвид Бекам со мајка си Сандра заедно посетуваат барем еден меч на Вимблдон.
На првиот ден од спортскиот натпревар, дуото-мајка син привлече големо внимание кога се појави во складни сакоа и го проследи мечот помеѓу Карлос Алкараз и Фабио Фоњини.
„Традиција со Мама, прв ден на Вимблдон. Ништо подобро“ – напиша Бекам и сподели фотографии на Instagram.
50-годишниот поранешен фудбалер беше фотографиран со завои на раката откако пред неколку дена му беше направена операција на зглобот.
Викторија сподели фотографии од Дејвид од неговиот престој во болница.
