Титов Врв со панделка: 33 жени се искачија на Шар Планина за подигнување на свеста за ракот на дојка
Вкупно 33 жени изминатиов викенд го освоија највисокиот врв на Шар Планина со мисија да ја подигнат свеста за ракот на дојка во рамките на иницијативата „Титов Врв со панделка“.
Познатата новинарка Славица Арсова сподели моменти од авантурата, која со појавата на магла, дожд и снег станала многу поголем предизвик од планираното.
„Вчера розовата беше најубавата боја на Шара. 🎀🏔️
33 жени, илјадници чекори и една порака што вреди да стигне далеку. 💗 #pinkoctober🎀“ – напиша Арсова.
Акцијата „Титов Врв со панделка“ се одржува четврта година по ред, во рамките на розовиот октомври, месец посветен на подигнувањето на свеста за ракот на дојка, превенцијата и значењето на раното откривање на болеста.
Водичката Јасмина Антиќ, горда на подвигот, сподели моменти од планинарското искуство и напиша:
33 жени со 33 различни приказни креираа едно заедничко искуство.
Браво за храброста.
Браво за истрајноста.
Браво за издржливоста.
Браво за секој чекор, за секој напор и за секоја рака подадена на друга жена. ❤️
Шампионки мои, го направивте невозможното! 🤍
Во услови на силен ветер, ниски облаци, студ, дожд и снег, изодевте речиси 25 километри за цели 9 часа! И не се откажавте! 🏔️👏
Титов Врв со панделка 🎀 ја организираме четврта година по ред, со една важна цел 🎯 да ја подигнеме свеста за раното откривање и превенцијата на ракот на дојка.
☀️ Да ги потсетиме жените колку е важно да се грижат за своето здравје. Да ги охрабриме да поминуваат повеќе време во природа, да ги поместуваат сопствените граници и да веруваат во својата сила.Затоа што кога сме заедно, се поддржуваме и се охрабруваме една со друга, можеме многу повеќе отколку што замислуваме! 🤗🤍