Торта на 5 ката и луда забава: Брена, Јаков и Џејла пееја на роденденот на ќерката на Александра Пријовиќ
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ вчера го прославија првиот роденден на ќерката Ариа, а истиот ден направија и крштевка во Храмот „Свети Сава“.
Прославата се одржа во познат локал во Белград, а на неа присуствуваа голем број ѕвезди од српската естрада.
За малата славеничка која со својот сладок шарм ги освои присутните, гордите родители имаа преубава торта на 5 ката, со мотиви на рингишпил со коњчиња. Целата роденденска забава беше украсена со нежни розови декорации како од бајките.
Пријовиќ во текот на вечерта ги соблече високите потпетици и облече бели папучи, а запеа и неколку песни.
Атмосферата дополнително ја загреаја и Лепа Брена која ја испеа „Чик погоди“, а зад микрофонот застанаа и Џејла Рамовиќ, Саша Матиќ, нивниот кум Ацо Пејовиќ, но и Јаков Јозиновиќ кој со малиот Александар ја испеа „Ја волим".
За крштевката во текот на вчерашниот ден, Пријовиќ избра бела креација од Оскар де ла Рента од 4.500 евра.