• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Топ 10 жени со најголема заработка во Холивуд

10 ноември 2010, 13:16
  • cподели

Листата на најплатените жени во Холивуд се подмладува. Половината од 10-те жени со најголема заработка се на возраст под 30 години. И кога велиме половината, всушност мислиме на Бијонсе, Лејди Гага, Мајли Сајрус и Тејлор Свифт.

Но, нивното богатство не може да се спореди со богатството на жената која се наоѓа на врвот на листата – Опра Винфри.

Опра Винфри1. Опра Винфри со заработени 315 милиони долари во периодот од 1 јуни 2009г. до 1 јуни 2010г. е најплатената жена во Холивуд. Бијонсе2. Бијонсе е на второ место со заработени 87 милиони долари од светската турнеја, нејзината модна линија и договорите со компании како Nintendo и L'Oréal. Бритни Спирс3. Бритни Спирс со заработените 64 милиони долари е на третото место. Лејди Гага4. Лејди Гага можеби сруши многу рекорди, но не успеа да постави рекорд на оваа листа. Со помош на нејзиниот ексцентричен стил на облекување таа оствари годишна заработка од 62 милиони долари. Мадона5. Мадона сè уште не го отстапува своето место на музичката сцена и сè уште заработува одлично. 58-те милиони долари кои ги заработи во изминатава година ја донесоа 52-годишната пејачка на петтото место. Сандра Булок6. Сандра Булок, благодарение на двата успешни филма The Proposal и The Blind Side, успеа да заработи 56 милиони долари и да биде најплатената актерка во Холивуд. Тоа ја донесе на шестото место на листата на жените од шоу-бизнисот со најголема заработка. Елен Деџенерис7. Елен Деџенерис и нејзините 55 милиони се најдоа на седмото место. Популарноста на нејзиното шоу, учеството во American Idol и во рекламните кампањи на брендови како American Express и CoverGirl се причината Елен денес да се вброи меѓу жените со најголема заработка. Мајли Сајрус8. Мајли Сајрус постојано докажува дека расте и дека веќе не е малата Хана Монтана. Но, да не беше нејзината улога на Хана Монтана, Мајли немаше да се појави на оваа листа. Во изминатава година Мајли има заработено вкупно 48 милиони долари. Тејлор Свифт9. Тејлор Свифт со заработка од 48 милиони го дели последното место на листата со судијката Џуди. Судијката Џуди Шејндлин10. Судијката Џуди Шејндлин заработила 48 милиони долари.

Вкупната заработка на жените во Холивуд е 835 милиони долари. Но, тоа сепак е помалку од вкупната заработка на холивудските мажи од 1,2 милијарди.

Tags
Опра Винфри
Форбс
заработка на славните

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.