Преслатки: Синчето на Лозано и ќеркичката на Мартин Филиповски со 'подготовки' за концертот на Next Time
Преслатко видео, како најава за вечерашниот концерт на Next Time, освојува на социјалните мрежи.
Снимката ја објави сопругата на Влатко Лозаноски, а на неа се прикажани нивното синче Марко и ќерката на Мартин и Андреа Филиповски.
Двегодишните другарчиња ја слушаат песната „Нешто што ќе остане“, додека Марко 'свири' на гитара, а Лиана на клавијатура.
„Бендот на Next Time со секојдневни и макотрпни проби за утрешниот концерт“- напиша Савка на видеото, алудирајќи на вечерашниот голем концерт на дуото во Скопје, со почеток во 20:00 часот во салата Борис Трајковски (Т-Арена).
Инаку, ова не е прва дружба на малечките. Нивните татковци долги години се блиски пријатели и често споделуваат заеднички моменти на социјалните мрежи.