• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Топ 10 филмски парови со најголема заработувачка

11 февруари 2010, 16:48
  • cподели

Филмските хитови не би биле толку популарни ако во нив не е вклучена интересна романтична приказна. Титаник постигна огромен успех благодарение на приказната за големата љубов на главните ликови, а истото се случи сега и со Аватар. Романтичната приказна привлече многу жени да станат дел од публиката на овој филм.

Откако пред еден месец се појави листата на холивудските парови со најголема заработувачка, сега Форбс ја создаде листата на парови од филмското платно кои заработуваат најмногу пари.

Во листата се вклучени парови кои снимиле заедно најмалку два филма во изминатите 20 години, а рангирањето е изведено врз основа на заработката на филмовите во кои што учествувале.

Лив Тајлер и Виго Мортенсен1. За големо изненадување, на првото место се наоѓаат Лив Тајлер и Виго Мортенсен. Почесното место овие актери го заслужија со улогите во популарната трилогија „Господарот на прстените“. Нивната филмска романса придонесе за вкупна заработка на трилогијата од 2,9 милијарди долари. Кирстен Данст и Тоби Мегваер2. Второто место им припадна на Кирстен Данст и Тоби Мегваер, кои своите актерски способности ги покажаа во трилогијата Спајдермен. Љубовта помеѓу нив играше голема улога за заработката од 2,5 милијарди долари. Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет 3. Сигурно повеќето би се обложиле дека Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет ќе бидат на прво место. И покрај предноста што ја имаа поради популарноста на Титаник, двајцата актери се најдоа на третото место на оваа листа со заработувачка од 1,9 милијарди. Меган Фокс и Шаја Лабаф4. Четвртото место им припадна на главните ликови во филмовите Трансформерс, Меган Фокс и Шаја Лабаф. Тие веќе снимија два филма, а третото продолжение се очекува да се појави во јули 2011 година. Заработка – 1,5 милијарди долари. Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт5. Петтото место заслужено им припадна на Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт, благодарение на улогите на Бела и Едвард во филмовите „Самрак“. Првите два филма имаа заработка од 1,1 милијарди долари, а третиот дел се очекува да се појави кон крајот на јуни. Џулија Робертс и Џорџ Клуни 6. Можеби најшармантните актери во Холивуд, Џулија Робертс и Џорџ Клуни, застанаа на шестото место на оваа листа. Првите два дела на филмот Оушн, 11-мината на Оушн и 12-мината на Оушн, имаа заработка од 847 милиони долари. Славната екипа имаше огромно влијание на успехот на овој филм. Џулија Робертс и Ричард Гир7. Џулија Робертс се појавува двапати на оваа листа, овој пат во тандем со Ричард Гир. Филмовите „Убава жена“ и „Невеста бегалка“ и заработката од 770 милиони долари ги поставија Џулија и Ричард на седмото место. Бен Афлек и Лив Тајлер 8. Бен Афлек и Лив Тајлер се најдоа на осмото место, благодарение на филмскиот хит „Армагедон“ и драмата „Девојката од Џерси“. Двата филма заработија вкупно 590 милиони долари. Колин Фирт и Рене Зелвегер9. Филмовите „Дневникот на Бриџит Џонс“ и „Бриџит Џонс на работ од разумот“ ги донесе Колин Фирт и Рене Зелвегер на деветтото место со заработувачка од 545 милиони долари. Мег Рајан и Том Хенкс10. Десеттото место им припадна на Мег Рајан и Том Хенкс. Тие се единствениот пар кој се појавува во три филмови што не се продолженија. Најголема заработка од нив имаше филмот „Имате пошта“ (250 милиони долари), а вкупната заработувачка на нивните филмови е 519 милиони долари.
Tags
Форбс
Харисон Форд
Бијонсе
заработка на славните

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.