• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Пајак со деби-албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тони Зен, Лара, Јован Јованов...

18 јуни 2026, 02:44
  • cподели
Деби албум на Пајак

Откако со години континуирано го градеше својот звук и постепено придобиваше сè поголема публика,  Христијан Настески-Пајак го објави својот прв студиски албум „2000 и некоја“.

Низата песни, кои веројатно брзо ќе станат хитови, веќе имаат и визуелни приказни и ги раздвижуваат неговите фанови, но и обожавателите на артистите со кои сними дуети: Тајзи, Тони Зен, Лара, Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

„Овој албум за мене има тежина што не можам лесно да ја објаснам. Не е само музика, туку период од мојот живот во кој се случуваа многу работи, и убави и тешки. Сè што поминував, на некој начин завршуваше во студио. Затоа ова ми е прв проект каде што чувствувам дека сум целосно искрен. И затоа оваа промоција ја доживувам многу емотивно, како нешто што долго сум го носел во себе“ – вели Пајак.

Зад албумот стои Urban Records, предводен од Иван Јованов-Iwayo и Гордан Божиновски, чии улоги се клучни во обликувањето на целиот проект. Токму оваа соработка му дава на „2000 и некоја“ продукциска цврстина, но и простор Пајак да остане свој.

Во креативниот процес се вклучени и Лазар Цветковски, Луна, Таско, Тајзи и Елвир Мекиќ, како дел од поширокиот авторско-продукциски тим, чиј придонес се чувствува во звукот и дел од текстовите, без да се наруши неговиот препознатлив израз.

Тотално луда

Ризик

Тајни

Токсична

Допамин

Биди ми добра

Делириум

Паралелно со студиската работа, Lollipop Entertainment Group стои зад неговите настапи, градејќи ја врската со публиката и надвор од дигиталниот простор, таму каде што песните добиваат поинаква тежина.

Tags
Христијан Настески – Пајак
македонска музика

Најнови

  • Деби албум на Пајак

    Пајак со деби-албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тони Зен, Лара, Јован Јованов...

    Thu, 06/18/2026 - 02:44
  • Тамара Калиниќ

    Луксуз и стил во Марбеља: Српската блогерка Тамара Калиниќ ужива на моминско патување со пријателките

    Wed, 06/17/2026 - 21:55
  • Мартин со Андреа и ќеркичката, Стефан со Тинеа: Браќата од Next Time на свадба во Тоскана

    Wed, 06/17/2026 - 20:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.