• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Тој е најсреќната личност, не знае за цинизам“: Оскаровецот Брендан Фрејзер зборуваше за аутистичниот син

11 мај 2023, 09:39
  • cподели

Брендан Фрејзер прими награда за неговата работа со непрофитната организација „Abilis“, која нуди услуги и поддршка за лица со посебни потреби.

54-годишниот актер одржа говор во кој зборуваше за својот 20-годишен син, на кого му бил дијагностициран аутизам на 2-годишна возраст. Оскаровецот сподели дека дознавањето на дијагнозата бил шокантен момент за него и дека морал да се бори со инстинктот да ја „поправи“ неговата состојба.

„Не сум експерт за формите на аутизмот. Јас сум само татко и за тоа можам да зборувам. Кога Грифин беше дијагностициран, нè удри гром, како што многумина тука во публиката можете да сфатите или разберете, тоа беше поради изненадувањето што доаѓа од незнаењето што да правиме“ – рекол тој.

Брендан Фрејзер Брендан Фрејзер

Брендан на почетокот се обвинувал себеси и своите гени за дијагнозата, обидувајќи се да добие одговори зошто тоа му се случило нему.

„Се обвинував себеси... Се прашував зошто ова се случува. Без разлика кој медицински текст или извор го консултиравме, беше како да се обидуваме да добиеме јасен одговор од леприкон. Одговорот секогаш беше поради непознати причини“ – објаснил актерот.

Брендан Фрејзер

Колку и да сакал да пронајде решение за да ја „поправи“ состојбата на Грифин, Фрејзер сфатил дека треба да му дозволи на синот да го научи како да му помогнат во задоволувањето на неговите потреби.

„Она што го научив и јас и мајка му е дека има многу луѓе кои се таму да помогнат, а ние, како родители, семејства, најблиски, треба само да имаме храброст да побараме помош. И сè можеме да направиме заедно. Сите индивидуи кои ги запознав низ годините, кои имаат многу повеќе искуство во работата со семејства и деца, сите го велат истото. Дека сите ние учиме истовремено“ – објаснува тој.

Фрејзер за првпат зборувал за дијагнозата на синот во февруари 2018 година. Тој не крие дека неговите првични стравови подоцна се претвориле во безусловна љубов и посветеност кон синот кој е најсреќната личност во неговиот живот.

„Брзо сфаќаш дека не би посакал да е поразлично“ – рекол тој во неодамнешно интервју.

„Поради убавината на овој спектар (наречете го наручување ако сакате, не се согласувам со вас), тој не знае за иронија. Не знае што е цинизам. Не можете да го навредите. Тој не може да ве навреди вас. Едноставно тој е најсреќната личност и е манифестација на љубов во мојот живот и во животот на многу други“ – рекол Фрејзер.

Брендан има уште два сина од бракот со актерката Афтон Смит, со која објавија дека се разведуваат во 2007 година.

Брендан Фрејзер Брендан Фрејзер
Tags
Брендан Фрејзер

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.