• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие 4 години не ми се најубавите“: Горан Папаз на годишнината од бракот

10 јули 2026, 09:16
  • cподели

И по 4 години брак, на Горан и Наташа Папаз љубовта им е најсилниот двигател и покрај сите предизвици кои им ги донесе родителството по добивањето на нивната тројка.

Македонскиот саксофонист и неговата сакана со слатки пораки ја одбележаа 4-годишнината од денот кога се заколнаа на вечна љубов. 

Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие четири години не се најубавите од мојот живот :)

Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија ❤️ - напиша Горан.

Наташа пак истакна дека секој заеднички предизвик во изминатите години само ја потврдил нивната љубов.

Еден мал дел од нашиот (многу) исполнет живот 😇 Среќна 4-ка од брак, ти си мојата љубов и најголемото ДА потврдено во секој животен предизвик ❤️🥰😇 – напиша таа.

Папаз во интервју за Фемина сподели дека тројката, родена предвреме и со силна борбеност од првиот ден, го променила секој аспект од неговото секојдневие, но пред сè, го зацврстила неговиот брак и му дала уште тројно љубов и трпение.

„Тројката нè возвиши и нè направи најгорди и најсреќни на цел свет. Бракот и пред да ни се родат Лена, Луна и Лазар ни беше жива хармонија, сега таа хармонија е само збогатена со нови три музичари“ – изјави Горан.

Поранешниот член на групата Суперхикс и неговата сакана стапија во брак во јули 2022 година. Малите Лена, Луна и Лазар се родија во декември 2024 година. Горан има уште еден син од првиот брак, кое се вика Дамјан.

Tags
Горан Папаз

Најнови

  • Ријана со слатката ќеркичка Роки откако беше фотографирана и на прошетка со трите деца

    Fri, 07/10/2026 - 10:22
  • Турската актерка Фахрие Евџен атрактивна на одмор со сопругот Бурак Озчивит и двете деца

    Fri, 07/10/2026 - 10:21
  • „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие 4 години не ми се најубавите“: Горан Папаз на годишнината од бракот

    Fri, 07/10/2026 - 09:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.