• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

11 август 2026, 15:01
  • cподели

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на годинашното издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ изработено од уметницата и графички дизајнер, Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“. 

Браќа Манаки 2026

Визуелното решение се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки, во кој е инкорпорирано дело од светски познатиот уметник Киро Урдин и фотографии од Горан Тачевски, кој живее и работи во Прага и во 50-годишната кариера има соработувано со познати магазини, агенции и славни личности.

- Македонската кинематографија е родена од слика на жена која преде. Од Баба Деспина и првите кадри на браќата Манаки, па сè до денес, нашите филмски автори ткаат приказни што го чуваат нашето минато, но истовремено го отвораат погледот кон светот. Токму затоа, темата „Ткајачи на филм’“не е само визуелен идентитет на годинашното издание, туку потсетување на една голема и богата традиција на раскажување. Особено е симболично што се доближуваме до 2027 година, кога ќе одбележиме 75 години од „Фросина“, првиот македонски долгометражен игран филм, чиј насловен лик исто така е ткајачка. Од првиот кадар до „Фросина“ и до современите филмски автори, нишката продолжува, а фестивалот „Браќа Манаки’“останува местото каде таа традиција се среќава со најзначајните ткајачи на филм од целиот свет, вели Димитрија Доксевски, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“, е илустраторка и графичка дизајнерка чиј визуелен израз се препознава по силната употреба на боја, слободната креативна енергија и раскажувањето преку слика.

- Секој креативен процес започнува со една нишка, со идеја што на почетокот можеби е едвај видлива, но постепено се поврзува со други слики, чувства и искуства. Како и во предењето и во ткаењето, потребни се ритам, трпение и интуиција за од поединечните нишки да се создаде целина. Токму во таа паралела го пронајдовме јадрото на визуелниот идентитет: авторите на филмот се ткајачи кои од светлина, движење и време создаваат приказни. Камерата е нивниот творечки инструмент. Таа не само што ја забележува реалноста, туку овозможува да биде преобликувана, почувствувана и раскажана на нов начин. Затоа во постерот камерата и роданот се „претопени“ еден во друг, односно се поврзани со иста нишка. Тоа е нишката на човечката потреба да создава и да раскажува, вели Штркова, потписник на постерот на 47. ИФФК „Браќа Манаки“.

Горан Тачевски е фотограф со повеќе од 50 години професионално искуство во документарната, модната, портретната и комерцијалната фотографија. Во својата кариера соработувал со светски брендови, агенции, познати личности и изданија како „Vogue“, „Elle“, „Harper’s Bazaar“, „Le Monde“ и „The New York Times“, а неговата работа е наградувана на повеќе меѓународни фестивали. Тачевски е дел од визуелниот идентитет на ИФФК „Браќа Манаки“ преку својот  фотографски приказ  на Македонија, доловена низ неговиот објектив како простор на силни карактери, автентични моменти и приказни со филмска атмосфера.

47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија и со поддршка од Агенцијата за филм, Општина Битола и Кинотеката на Македонија.

„Њу Момент“ во своето 33-годишно постоење има изработено дел од најпознатите постери за Скопскиот џез фестивал, Млад отворен театар и Охридско лето. Агенцијата во своето големо портфолио на награди има и Титаниумски и Сребрен лав од фестивалот на креативноста во Кан.

Tags
Браќа Манаки
Браќа Манаки 2026
Вања Штркова

Најнови

  • Каролина Гочева

    „Биди причината што нечие срце продолжува да чука“: Каролина Гочева со силна порака за органодарителството

    Tue, 08/11/2026 - 15:30
  • Браќа Манаки 2026

    „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

    Tue, 08/11/2026 - 15:01
  • Секоја чест: Медицински лица херојски ги штитеа новороденчињата за време на разорниот земјотрес во Колумбија

    Tue, 08/11/2026 - 14:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.