• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Тина вистински ужива на плажа, со нас се и баба и дедо за помош“: Александра Јанева за првиот летен одмор со ќерката

14 септември 2026, 21:33
  • cподели

Александра Јанева го живее своето прво лето како мајка. Македонската пејачка, која кон крајот на мај ја донесе на свет ќерката Тина, сега ужива на одмор со слаткото бебенце и сопругот Иван во Грција.

Ова е прво заедничко летување за среќните родители со Тина, а за Фемина, талентираната струмичанка откри дека на патувањето не заминале сами.

„На одмор сме во Грција, шест дена, но не сме само ние тројца - со нас се и баба и дедо, што искрено ни е од огромна помош. 😊 Ова ни е прв одмор со бебе, а на моите родители прво внуче и моја беше идејата заеднички да поминеме квалитетно време. Баба и дедо - пресреќни што можат да поминат скапоцено време со внуката, а ние уште поблагодарни што градиме фамилијарни спомени кои еден ден многу ќе ни значат“ – ни раскажа таа.

Пред да тргнете на првиот семеен одмор со малата Тина, сигурно имавте многу прашања и дилеми како ќе се снајдете. Но, како изгледа реалноста сега, кога веќе сте таму?

Искрено, многу подобро отколку што очекувавме. Пред да тргнеме имавме еден куп прашања – како ќе реагира Тина на патувањето, на промената, на морето, дали ќе спие. Но, одлично се адаптираше и вистински ужива на плажа. Звуците на брановите ѝ се најинтересни, а песокта главна атракција за нејзините очи. Секако олеснителна околност е што баба и дедо се со нас, па имаме баш време да одмориме, да пиеме кафе и сите подеднакво да си играме со Тина.

Со бебе, летувањето неизбежно добива поинаков ритам... Како изгледа еден ваш ден на море, успевате ли да задржите некаква рутина?

На плажа одиме наутро, додека е попријатно, потоа се повлекуваме во сместувањето за малку одмор, јадење и спиење. На плажа се враќаме подоцна кога сонцето не е толку силно, го дочекуваме зајдисонцето, па си одиме. Навечер шетаме или седнуваме некаде. Сè е поспоро и помирно од нашите претходни одмори, но баш тоа има некоја посебна убавина. А бидејќи баба и дедо се тука, понекогаш успеваме и ние да украдеме малку време за себе.

Влажноста на воздухот, сонцето и водата си го прават своето. Тина заспива многу порано отколку кога е дома. Не се оптоваруваме со часови и распореди, повеќе реагираме инстинктивно. Кога е гладна - јаде, кога покажува знаци на спиење, ја нишкаме за да заспие. Научена е да спие и во гласна и во тивка средина, така што нема никаков проблем да заспие било каде и кога ќе посака.

А кога станува збор за морето, дали ќерката веќе има омилена активност на плажа? Што ѝ е најинтересно?

Мислам дека ѝ се допаѓа целото ново опкружување. Љубопитно гледа наоколу, ги слуша звуците, го чувствува ветерот, ја гледа водата… дури на моменти го одложува спиењето за да не пропушти нешто.

За неа сè е ново. А за нас е посебно што некако и ние повторно го доживуваме морето, овојпат преку нејзините очи. Нејзината радост при првата средба со морето дефинитивно ќе остане еден од оние спомени коишто ние ќе ги паметиме многу повеќе од неа.

Претходно, додека беше во последниот триместар од бременоста со Тина, 30-годишната Јанева во интервју за Фемина, со љубов зборуваше за ќеркичката и откри во каква личност сака да ја порасне:

„Едвај чекам да дојде на свет мојата доживотна другарка, знам дека ќе биде најдоброто нешто што ми се случило.

Би сакала пред сѐ да биде добар човек. Да ја научам на емпатија и блискост, секогаш да има обѕир и разбирање кон другите луѓе. Да биде културна, одговорна, своја и да се почитува и сака себеси, но и да научи да презема одговорност и да учи од своите грешки тогаш кога ќе погреши.“ 

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Александра Јанева

Најнови

  • „Тина вистински ужива на плажа, со нас се и баба и дедо за помош“: Александра Јанева за првиот летен одмор со ќерката

    Mon, 09/14/2026 - 21:33
  • 40 перења за 145 денари: Новите Denkmit детергенти во dm се создадени да ги зачуваат боите на облеката

    Mon, 09/14/2026 - 16:01
  • „Македонија, ти си прекрасна заслужуваш да бидеш видена“: Шармерот Октај Сејди од Тајван на Mister International 2026

    Mon, 09/14/2026 - 14:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.