• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

TIME: Тинејџер кој направи сапун што лекува рак на кожата е прогласен за „Дете на годината“

19 август 2024, 11:22
  • cподели

„Дете на годината“ според списанието TIME е Хеман Бекеле од Вирџинија.

15-годишниот тинејџер направи сапун кој може да третира и да превенира повеќе форми на рак на кожата. Ова откритие, минатата година му ја донесе титулата „Најдобар млад научник во САД“ и му помогна да ја освои наградата од 25.000 долари.

Хеман Бекеле

Хеман е роден во Адис Абеба, Етиопија, каде постојано гледал луѓе како работат на силното сонце без соодветна заштита на кожата. Откако неговото семејство се преселило во САД, тој започнал сè повеќе да ги осознава штетните влијанија на сонцето на човековата кожа.

„Кога бев мал, не мислев многу на тоа, но кога дојдов во Америка, сфатив колку голем проблем е сонцето и ултравиолетовото зрачење кога си изложен на него долго време. Страст ми се истражувањата поврзани со ракот на кожата, без разлика дали станува збор за мои истражувања и за она што се случува на ова поле“ – објаснил тој.

Хеман Бекеле Хеман Бекеле Хеман Бекеле

Истражувајќи за ракот на кожата, тој дознал за лекот имиквимод (имуномодулатор), кој веќе се користи при лекување на некои форми на рак. Кога се користи во форма на крем, може да помогне во уништување на туморите, но таа чини многу.

Имајќи ја на ум својата татковина Етиопија, Бекеле започнал да размислува како може да го искористи имиквимодот за третирање на раните фази на рак на кожа и да го направи подостапен за луѓето од различни економски класи.

„Речиси сите користат сапун и вода, па сапунот би бил најдобра опција“ – рекол тој за одлуката да направи сапун.

Хеман Бекеле Хеман Бекеле

Најнови

  • „Ако жените можат да го разберат фудбалот...“: Објава со Ерлинг Халанд за менструалниот циклус стана вирален хит

    Thu, 07/30/2026 - 11:50
  • Маја, сопругата на Панчо, неутешна: „Среќен роденден таму каде што ангелите чуваат мир и светлина“

    Thu, 07/30/2026 - 11:38
  • Марта блеска во бременоста: Сопругата на Стефан Лазаров сними трудничка фотосесија во Охрид

    Thu, 07/30/2026 - 10:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.