• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Тијана Дапчевиќ на плажа во Грција со семејството, испрати порака до помладата верзија од себе

6 јули 2020, 12:55
  • cподели

Тијана Дапчевиќ моментално престојува во Грција. Славната пејачка сподели неколку фотографии од одморот со сопругот Милан и синот Вук.

„Можам да се сликам со голи нозе и со целиот целулит бидејќи е МОЈ и нема да ставам филтери, бидејќи секоја бразда на моето тело е МОЈА и секоја има своја приказна со која се гордеам“ – напиша Тијана на една фотографија од себе.

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on Jun 26, 2020 at 4:59am PDT

44-годишната ѕвезда сподели долга порака до помладата верзија од себе и објави колаж од сегашна фотографија и фотографија од времето кога имала 10 години.

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on Jul 4, 2020 at 9:53am PDT

Драга мала Тијана,

Заврши школо.

Глуп почеток, знам. Оваа порака можеше да биде започната на илјадници поинтересни начини, а започна со школо. Извини. Но, школото е важно. Не толку за опстанок, колку за главата. Образована, полесно ќе се вкопиш во друштво. Во добро друштво.

Уживај. Не грижи се, уживања ќе има уште многу, имаш само десет години. Небото те сака.

Верувај им на родителите, бидејќи тие ти го посакуваат само најдоброто. Послушај ги кога мислиш дека треба, а сослушувај ги секогаш. Подоцна ќе сфатиш дека биле во право во ситуации кога си била убедена дека си попаметна.

Миј си ги рацете. Пред и по јадење, задолжително. И гледај сè да ти е секогаш чисто: во главата, во собата, во дворот. Кога сме кај дворот – гледај си го само својот.

Не јади сè што лета – не биди лесна за убедување, не верувај секому.

Чувај ги пријателите. Вечера не се само виршли, земи понекогаш и нешто друго. Намали го мајонезот. Музиката секогаш ќе ти биде лек, виолончелото другар, а сцената дом. И биди поамбциозна.

Барај ја Тамара и понатаму, немој да престанеш да ја бараш од Брана и Велко, бидејќи сè уште ти се нема случено ништо поубаво. Другиот дел од тебе е кај неа.

Подоцна, твоите маици ќе бидат кај неа, но тоа нема врска, ќе знаеш како да се справиш со тоа.

За некои десет години ќе го запознаеш Милан. Него верувај му најмногу. Немој да имаш тајни пред него, а тоа нема ни да го сакаш, ќе видеш, ќе ти биде глупаво доколку нешто не споделите. Ќе се отселиш од Скопје и тоа ќе биде оној момент кога не е важно во кој град си, туку кој е таму со тебе, па само вселената ќе ви биде доволна. Оттогаш, сите мисли ќе ти почнуваат со множина. А зад секоја од нив ќе стои љубовта.

Ќе дознаете дека ќе добиете дете. А потоа, дека сепак нема да добиете. И токму така, во една реченица без врска, како ништо да не се случило, како само да испушти од раце купче џамлии со кои сега ти е полна собата. Како сè да било само сон... Можеби и беше, којзнае.

Подоцна ќе ја чуете повторно таа прекрасна вест, но овојпат ќе биде вистинита. Никој не се шегува, никој не сонува. Дали се гледаш себеси сега? Е таков ќе биде и тој. Ќе го собере само најдоброто од мама и тато, да биде цел човек. Кој би рекол, а? Ти мајка!

Кога ќе дојдеш од тој дел, ќе видиш дека целиот живот пред тоа беше само генерална проба.

Дапчевиќ во Грција Дапчевиќ во Грција Дапчевиќ во Грција Дапчевиќ во Грција Дапчевиќ во Грција Дапчевиќ во Грција Дапчевиќ во Грција
Tags
Тијана Дапчевиќ

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.