„Повторно ми доаѓа да заплачам“: Северина на колена се расплака на сцената во Љубљана пред концертот во Скопје
По пауза од 6 години, Северина повторно застана на сцената во љубљанската Арена „Стожице“ и приреди концерт за паметење.
Популарната хрватска пејачка ја забавуваше словенечката публика, а вечерта беше исполнета со многу музика, танцување, насмевки, но и солзи.
Северина изведе околу 30 познати песни, а посебно изненадување за публиката беше нејзиното танцување на традиционалната словенечка песна „Na Golici“.
Впечатлив бил и моментот кога Северина ја изведе баладата „Rođeno moje“, песна која има посебно значење за неа и е посветена на нејзиниот син Александар и долгогодишната правна и емотивна борба за него.
„Љубљана, сè уште ве чувствувам. ❤️
Завчера заедно поминавме низ толку многу емоции. Пеевме, танцувавме, се смеевме, а потоа ќе дојдеше песна која ќе нè затекнеше, ќе нè потсетеше на некого, ќе нè допреше таму каде што сме најчувствителни. Радоста ќе се преточеше во солзи, а веќе следниот рефрен повторно ќе нè кренеше на нозе.
Ги гледав вашите лица и ми беше тешко да останам само на зборовите од песната. Толку многу ми враќавте со секој поглед, со секој глас, со секоја насмевка низ солзи. Во некои моменти само посакував да ве оставам да пеете и да ве слушам...
Ви благодарам што ми се препуштивте и што и јас можев да ви се препуштам вам. Денес сето тоа ми се враќа во мали слики. Повторно се смеам. И повторно ми доаѓа да заплачам. ❤️
Продолжуваме на 5 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје и на 15 декември во арената во Загреб...“ - напиша Северина.
Покрај музиката и емотивните моменти, внимание привлече и нејзиното сексапилно сценско издание. Северина се појави во впечатлива креација од Zigman.
По успешните концерти во Сплит, Загреб и Пула, Северина продолжува со регионалната турнеја. На 5 декември таа ќе гостува кај нас во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.