• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ти си мојот херој“: Кристина Еплгејт покажа како изгледа по неколкумесечниот престој во болница поради мултипла склероза

23 септември 2026, 12:40
  • cподели

Кристина Еплгејт се огласи за првпат по неколкумесечниот престој во болница, поради влошување на нејзината здравствена состојба.

Славната американска актерка, која се бори со мултипла склероза, сподели видео на Instagram, на кое ја покажува својата нова фризура.

„Свежа боја на косата, нова чудна дамка на образот, хаха... ве сакам сите“ - напиша таа и му се заблагодари на својот фризер.

На видеото, холивудската ѕвезда доби илјадници коментари за поддршка.

„Кралица“, „Изгледаш прекрасно како и секогаш“, „Тукушто ми беше дијагностицирана релапсирачка мултиплекс склероза. Ти си мојот херој! Ќе успееме заедно“ и „Ти си навистина силна“ – се само дел од коментарите кои Кристина ги доби на објавата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Christina Applegate (@christinaapplegate)

Во март, 54-годишната ѕвезда од серијата „Dead to Me“ замина на неколкумесечно лекување во болница поради влошување на здравствената состојба. Во септември, на социјалните мрежи откри дека конечно е дома.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Christina Applegate (@christinaapplegate)

Актерката објави дека страда од МС во август 2021 година додека ја снимаше третата сезона од серијата „Dead To Me“. По дијагнозата, Еплгејт отворено зборува за секојдневните предизвици, болката и заморот со кои се соочува поради болеста.

Во нејзината автобиографска книга, која стана бестселер на New York Times, таа ги опишува тинејџерските денови во Холивуд, траумите од минатото, како и соочувањето со тешката дијагноза.

Холивудската актерка во 2008 година се бореше и со рак на дојка. По извршена двојна мастектомија, беше објавено дека болеста е во ремисија.

Tags
Кристина Еплгејт

Најнови

  • „Ти си мојот херој“: Кристина Еплгејт покажа како изгледа по неколкумесечниот престој во болница поради мултипла склероза

    Wed, 09/23/2026 - 12:40
  • „Победата ми покажа дека мајчинството не става точка на кариерата“: Вероника Консевиќ за бронзата во Таранто

    Wed, 09/23/2026 - 11:51
  • Младенци од Мостар воодушевија со својот гест: Наместо подароци за гостите, средствата ги донираа за онколошки пациенти

    Wed, 09/23/2026 - 11:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.