• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Ти ма, ретардирана си а?!“... Татко на девојче со аутизам со потресен текст за случка во парк ќе ве замисли

7 септември 2020, 13:20
  • cподели

Бојан Шашевски со моќен текст потенцира дека во нашата држава е ниска свеста за прифаќање на лицата со попреченост.

Парк

Денес имав една случка.

Со ќерка ми бевме на лулашки во парк. Семејства со деца насекаде. Се качи на мини вртелешката. Се вртеше заедно со две деца на околу 6-7 години. Ја гледав седнат од дистанца. Почнаа да ѝ зборуваат нешто. Дарија (сè уште) не може да им врати, има аутизам. Ја гледаа како се радува на вртелешката, како изразува радост со рацете во вис. Дарија продолжи да се смее и вика гласно. Така артикулира задоволство. Убаво ѝ беше, во друштво.

Децата повторно пробуваат да зборуваат со неа, но сега полни со себе:

„Зошто не зборуваш ма!? Абе, оваа е ретардирана. Хаа, редардирана е! Ти ма, ретардирана си а?!“.

Едното почна да ја боцка со рака по рамото. Другото ѝ ја фати главата, а со другата рака петте прсти во вис, нагоре како да врти сијалица. Се издра пред сите, покажувајќи кон Дарија: „Оваа е ретардирана!“.

Смеа и викање од околните деца. Молк од родителите. Како сцена од филм, некој од 90-ти, полн со локални стереотипи.

Дарија ме бараше со поглед, беспомошно. Осети раце врз себе како ја буткаат, како продолжуваат да ја задеваат и да ѝ се дерат „Кажи ма нешто!“.

Бев на 20-ина метри, почнав да се приближувам.

Дарија веќе беше напната. „АаааарррххххХХ“. Се исправи, ги затна ушите со раце. Така прави кога се вознемирува. Вртелешката се движеше, ја занесе, ама стигнав да ја фатам за рака. Се исправи. Ме стисна за рака, почна да ми ја мава раката од лутина. Потоа ме фати силно за тело. Силно ме гушна и ја пикна главата меѓу вратот. Се тресеше и ги крцкаше забите од нервоза.

„Зошто не сака да збори?! Уште ли не зборува?!“

„Да. Ќе прозбори. Ама, сака да се дружи. Не треба да ја закачате“.

Некоја мајка се приближи. „ХхХхХ, извини се на девојчето. Ме слушаш ли, извини се на девојчето!“.

„Нема потреба таа да се извинува“.

Се оддалечивме со Дарија, се качивме на клацкалка. Брзо се смири. Јас бев сега вознемирен. Болеше. Многу болеше! Одвнатре грозно и мачно. Плачев, а Дарија ме бришеше по лицето. Ме гушкаше.

Ми текна каде Дарија живее. Каде расте. Ми текна и на сите пријатели и познаници што споменуваат „Абе овој е ретардиран“ кога оговараат некој човек. Децата, за разлика од нив, се искрени. Не прават лице. Само учат.

До сите пријатели. Следен пат кога во друштво ќе ве чујам „овој е ретардиран“, очекувајте од мене - школски шамар! Или мини заушка! Да осетите болка. Онака, другарски. Чисто да ви текне за следен пат.

Денес имав една случка. Со ќерка ми бевме на лулашки во парк. Семејства со деца насекаде. Се качи на мини вртелешката....

Posted by Шаше Bojan Shashevski on Friday, September 4, 2020

Задача на секој еден од нас е без исклучоци да избегнува етикетирање, стигматизација и дискриминација. Родителите треба активно да ја поддржуваат социјалната инклузија, за тоа да се отслика и на децата.

Tags
аутизам

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.