• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Ти благодарам“: Мајка на момче со Даунов синдром раскажа за случка во парк со татко кој го учи синот на инклузија

19 ноември 2019, 11:10
  • cподели

Мајка на момче со Даунов синдром му се заблагодари на маж кој на прекрасен начин го учи својот син на инклузија и прифаќање на различностите.

Таа раскажа за случка во парк со нејзиниот син Сидар и допре до илјадници лица, кои ја пофалија постапката на таткото. „Мило ми е што постојат родители кои преку личен пример ги учат своите деца и сум многу среќна“ – пишува мајката.

Сидар

До таткото во паркот за скокање...

Не те познавам, но твојот син си замина со топката со која си играше син ми Сидар.

Син ми има Даунов синдром.

Ми изгледаше дека син ти е отприлика на иста возраст како Сидар, но беше многу поголем и поагилен. Учтиво се насмевнав и пред да станам да му дадам на Сидар друга топка (како што имам правено многупати во вакви ситуации), ти се врати со син ти. Не постапи како другите родители – да ја вратиш топката, да се извиниш и потоа да одиш да си играте на друго место.

Не, ти ми го разубави денот.

Ти седна со син ти во близина на Сидар и го учеше син ти како да му ја подава топката на Сидар. Ти виде дека на моето мало момче многу му се допадна ова, а дека твоето момче беше несигурно, но и покрај тоа, продолжи да му покажуваш на син ти колку е среќен мојот секојпат кога топката ќе се истркалаше назад кај него. Само седев и набљудував. Секојпат кога Сидар ќе ја истркалаше топката кон син ти, ти го тераше син ти да ја истркала назад. Сидер се кикотеше и плескаше со рацете. И ти исто така.

Гледав со одушевување.

Твојата сопруга беше во близина заедно со твоите други деца и сите ние го гледавме овој прекрасен пример не само за инклузија, но и за тоа како се поставува пример твоето дете да има интеракција со некој поразличен. Откако помина некое време во игра, ти забележа дека му се одврзала врвката на Сидар и внимателно му ја заврза и му направи „Да пукне“.

Сакам да ти кажам дека ти направи срцето да ми порасне денес. Мило ми е што постојат родители кои преку личен пример ги учат своите деца и сум многу среќна.

Не се чувствував како вообичаено, кога му ја враќаат топката на малото момче кое е различно и си заминуваат. Ова беше искрено и специјално.

Ти благодарам за она што го направи денес, сигурна сум дека и ти ќе ги израснеш твоите деца во личности кои ќе го менуваат светот и ги ценам родителите како тебе... Единствено посакувам да имав шанса да ти се заблагодарам пред да си заминеш.

Сидар Сидар Сидар Сидар
Tags
инклузија
Даунов синдром

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.