• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Тежела 120 кг, а сега е модел: Девојка се засрамила од изгледот и ја преполовила тежината

12 јануари 2017, 12:17
  • cподели

Девојка, која некогаш тежела 120 килограми и консумирала 3.500 калории дневно, ја преполови својата тежина и стана модел.

Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг

Матилда Броберг од Данска отсекогаш имала проблеми со тежината. На 16 години, нејзината вага покажувала повеќе од 120 килограми, што се одразувало негативно на нејзиниот друштвен живот. 21-годишната девојка одлучила да го промени својот начин на живот откако се засрамила од сопствениот изглед на училишна фотографија.

Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг

„Не ми беше забавно што бев дебела како дете, бидејќи пропуштав многу нешта кои ги правеа моите пријатели како трчање, пливање и слично. Се плашев да се качам на ролеркостер затоа што мислев дека нема да ме собере во седиштето. Еднаш, за малку не ме исфрлија, затоа што сигурносниот појас не можеше да се затвори над мене“ – се сеќава Броберг.

„Сфатив колку сум голема кога видов групна училишна фотографија и знаев дека нема шанси да заминам на факултет со ваков изглед, бидејќи бев убедена дека ќе живеам во кошмар“ – додава таа.

Девојката, која во минатото јадела сè што ќе ѝ паднело на памет, одеднаш започнала да ги контролира своите порции и да се храни здраво, а нејзината тежина започнала брзо да се намалува.

Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг

„Порано си ги купував сите нешта за кои сонував како чипс, чоколади, торта, тестенини и многу нездрава храна измеѓу оброците. Внесував повеќе од 3.500 калории дневно. Кога престанав да јадам нездрава храна, се откажав од чипсот, колачите, тортата, лебот и тестенините, но и користев неколку трикови за да се борам со мојата лакомост“ – вели Матилда.

„Прво, моите порции се со големина на испружена дланка и правам сè за да не ја надминат таа големина. Тоа ми помогна да престанам да правам планина од храна во мојата чинија како порано. Исто така започнав да јадам со кафена лажичка наместо со супена и на тој начин се чувствувам полно многу побрзо. Јадењето со кафена лажичка го мами мојот мозок да си мисли дека консумирам повеќе одошто внесувам и за мене функционира одлично“ – открива таа.

Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг

Во период од четири години, од 2011 до 2015 година, Матилда успеала да ја преполови својата тежина, но се соочила со висната кожа на стомакот. Вишокот на кожа таа го отстранила со оперативен зафат, што ѝ помогнало значително да си ја зголеми самодовербата.

„Откако ослабев, стомакот ми исгледаше исто толку голем, колку кога имав прекумерна тежина. Тоа беше стомак полн со тешки стари масти и навистина го мразев“ – вели таа.

Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг

Сега Броберг тежи 70 килограми, поради зголемената мускулна маса добиена преку тренинзи во фитнес сала. Таа има договор со агенција за модели и стана професионален тренер, со идејата да им помогне на други лица со прекумерна тежина да ослабат.

Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг Матилда Броберг

„Сега сум дел од модна агенција и работам за каталози и реклами за спортска опрема поради мускулите кои ги имам. Ако некој пред три години ми речеше дека ќе станам професионален тренер и модел, ќе му се изнасмеев“ – признава Матилда, која постојано добива покани за состаноци од лица од спротивниот пол.

„Одеднаш им станав интересна на мажите. Но, имам одбиено многу покани за љубовни состаноци, бидејќи ако не им се допаѓам во мојата најголема верзија, тогаш не ме заслужуваат ни сега“ – вели таа.

Tags
големо слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.