Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Русинка стана сензација откако речиси ја преполови својата тежина

ФОТО: Русинка стана сензација откако речиси ја преполови својата тежина

Тања Рибакова ослабе 55 килограми и целосно си го промени животот. 25-годишната Русинка сега е лајфстајл блогерка која ги советува своите фанови како да се хранат поздраво и како да го обликуваат телото со вежбање.

Тања Рибакова

Дебелината била причина што Тања била исмејувана. „Децата беа злобни, не се дружев со никого, немав пријатели и во најголем дел од времето читав. Беше толку лошо што се враќав од училиште со плачење и не сакав да одам повторно таму. Прекумерната тежина ми ја одзеде самодовербата“ – раскажала таа.

Откако стопи десетици килограми и потполно се трансформира, таа редовно добива комплименти, дури и е нарекувана „убавица“ од лицата кои порано ја исмејувале.

„Сега истите тие лица од училиште ме контактираат и ми велат дека сум убава“ – додала таа.

Тања Рибакова

Лошата исхрана била пресудна за дебелината на Тања. „Не потекнувам од богато семејство. Ние јадевме многу евтина храна која не беше здрава. Мојата тежина се зголеми и имав проблеми со дишењето“ – изјавила Тања.

Три и пол години биле потребни за таа да се ослободи од вишокот килограми, а виснатата кожа ја отстранила со помош на операција.

Тања Рибакова Тања Рибакова

Тања сега советува стотици илјади фанови како да се грижат за себе. „Работам со луѓе кои слабеат за да им покажам дека прво треба да си го променат начинот на размислување. Сè е во самодовербата и најважно е да си здрав физички и ментално“ – вели таа.

Тања Рибакова Тања Рибакова Тања Рибакова Тања Рибакова Тања Рибакова Тања Рибакова Тања Рибакова Тања Рибакова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.