Почетна » Новости » Занимливости » Голема трансформација: Упорна мајка ја преполови својата тежина за да биде добар пример за ќерка си

Голема трансформација: Упорна мајка ја преполови својата тежина за да биде добар пример за ќерка си

Кога имаш волја и добра инспирација, сè е можно...

Кесиди Линде е одличен пример дека ако се сака, сè се може. 25-годишната мајка на едно девојче стопи речиси 60 килограми за да биде добар пример за ќерка си.

Кесиди Линде

Пред да ја започне големата трансформација, таа тежела 118 килограми, водела нездрав живот и го мразела својот одраз во огледалото. „Постојано пиев алкохол, пушев, јадев надвор и се хранев само со брза храна. Знаев дека она што го јадам не е здраво, но немав волја за промена“ – признава таа.

„Стигнав до таков момент што кога ќе се погледнев во огледалото, не можев да пронајдам нешто убаво кај себе. Тоа е поразително чувство. Имам 18-месечна ќерка и би ми било ужасно ако таа се чувствува така. Сакав да се огледува на мене и да ми се восхитува, па се променив“ – раскажува Кесиди.

Кесиди Линде

Упорната мајка драстично си го променила начинот на живот. „Престанав да барам изговори. Започнав да истражувам, да подготвувам оброци однапред и да вежбам. Пиев многу вода во текот на денот и секоја недела подготвував пилешко месо, ориз и зеленчуци“ – вели таа и додава дека вежбала кардио 3-5 пати неделно.

Кесиди Линде Кесиди Линде Кесиди Линде Кесиди Линде Кесиди Линде

Сега Кесиди инспирира на Instagram други луѓе за да ги следат нејзините стапки. „Кога мислите дека не можете... не можете. Но, кога мислите дека можете, ви ветувам дека нема да има НИШТО на патот за да ве запре. Бизарно е колку посреќно можеш да живееш кога се сакаш себеси. Некои луѓе мислат дека за да се сакаш себеси мора да си совршен. Погрешно. Мораш да ги видиш сите твои несовршености, да ги прифатиш и да продолжиш напред. НОСИ ЈА СОПСТВЕНАТА КОЖА. Биди самоуверена. Биди среќна. Чувствувај се СЕКСИ!“ – се вели во една од нејзините мотивирачки пораки.

Кесиди Линде Кесиди Линде Кесиди Линде

Сепак, Кесиди признава дека слабеењето не ѝ било лесно, особено зашто страда од ревматоиден артритис, па понекогаш болките ѝ биле неподносливи. „Имам ревматоиден артритис! Имам само 25 години! Со години живеев со екстремна болка низ целото тело. Пред мојата дијагноза, едвај можев да станам од кревет (не претерувам). Но, сè уште правев сè што можев за да ослабам... Никогаш нема да се откажам“ – изјавува таа.

За да остане на вистинскиот пат, Кесиди вели дека многу ѝ помогнало што постојано го документира својот напредок преку фотографии и на Instagram. „Мислам дека луѓето не сфаќаат колку е важно да се фотографираш додека буквално го менуваш телото. Преку фотографирањето сфатив дека „старата јас“ ја мотивира „новата јас“ – објаснува таа.

Кесиди Линде

Трансформацијата на Кесиди резултирала не само со подобар изглед, туку и со зголемена самодоверба, па сосема е разбирливо зошто таа вели: „Јас сум потполно друга личност – не само физички, туку и ментално.“

Кесиди Линде

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11220 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.