• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Тежам исто колку ќерка ми“: Инспиративна жена која започна да вежба на 70 години се пофали со својот напредок

17 февруари 2021, 11:51
  • cподели

Џоан МекДоналд е доказ дека никогаш не е предоцна за промени во начинот на живот, во начинот на размислување и во изгледот.

Инспиративната жена, која набрзо ќе го прослави 74-от роденден, започнала да тренира пред само 4 години, а изгледа одлично. Џоан го започнала нејзиното фитнес патување откако докторот ѝ рекол дека мора да ги зголеми лекарствата кои ги прима. Бидејќи знаела дека причина за тоа е зголемената тежина, таа одлучила да го промени начинот на живот.

Со помош на нејзината ќерка Мишел, Џоан започнала да тренира, да јаде по пет здрави и балансирани оброци на ден и да се грижи за себе. Тогаш таа тежела 89 килограми, а сега 59.

Вчера, таа сподели фотографија на која позира со ќерка си, а во описот се пофали дека двете тежат исто.

Џоан МекДоналд

Ете така народе, сега тежам исто колку ќерка ми. 59 килограми! Кој би помислил?

Мојот единствен совет до сите вас е да не се фокусирате на вашите цели, туку да се фокусирате на вашите секојдневни навики кои патем треба да ги совладате. Исто така запомнете дека не е вашето тело она што излезе од форма, туку вашиот ум. Ако навистина сакате да направите трајни промени, морате да се погрижите за вашиот начин на размислување и да се опкружите со луѓе и идеи кои ве инспирираат...

Лично јас никогаш немав цел да бидам иста големина како Мишел. Само сакав да ги намалам лекарствата кои ги примав и да уживам во пензионирањето. Четири години подоцна конечно имам пензионерски живот од соништата: смеа, патување, добри разговори, откривање нови хобија, едноставно вљубена сум во тоа што сум повторно жива. Сето ова е затоа што си го променив начинот на размислување.

Тоа што сум големина 4 (36) е само шлаг на тортата.

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд

Во неодамнешно интервју, Џоен рекла:

„Имав 70 години кога го започнав моето патување. Бев кај мојот доктор и тој ми рече дека сака да ги зголеми моите лекарства. Не сакав да учествувам во тоа. Бев многу вознемирена и имав нова одлучност да ослабам. Знаев дека слабеењето ќе ми помогне да се тргнам од лекарствата“.

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд

За нејзината исхрана, таа вели: „Започнав да јадам 5 балансирани оброци на ден. Пред вежбање и по вежбање, и три други оброци. Порано, јадев по 3 оброци на ден, но не знаев како да ги разделувам оброците на протеини, масти и јаглехидрати. Исто така не јадев многу “.

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд

За почетокот на тренинзите, Џоан споделува: „Започнав со кардио тренинзи секој ден, а тренирав со тегови само 4 дена неделно“.

Во моментов неа ја следат повеќе од 1,1 милион обожаватели.

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд
Tags
Џоан МекДоналд
слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.