Теона Сима шармира пред Ајфеловата кула во Париз, проследи меч на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос
Теона Сима ужива во Париз.
Талентираната Македонка, позната како девојката зад профилот „The Language Blondie“, деновиве се насладува на убавините на Градот на светлината и љубовта, а дел од својата авантура ја пренесе на Instagram преку фотографии и видеа.
На една од фотографиите, Теона позира во црн аутфит додека во позадина блеска Ајфеловата кула. Младата девојка проследи и натпревар на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос и беше пресреќна што имаше шанса да го гледа во живо „Кралот на тенисот“.
Во едно интервју, Сима има изјавено дека 8-9 години има тренирано тенис и дека го обожава тој спорт.
Теона на својот профил The Language Blondie досега има над 840 илјади следбеници. Нејзините видеа се вистински хит.