Антонијо Милошоски со сопругата и петте деца на авантура во Варшава, сподели фотографии од патувањето
Антонијо Милошоски деновиве уживаше во семејна авантура во Варшава заедно со сопругата Симона и петте деца.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи сподели фотографии од патувањето, а меѓу локациите на кои уживаа беа и Собранието, како и стадионот на познатиот полски фудбалски клуб Легија Варшава.
Поранешниот министер за надворешни работи е горд татко на пет деца – Давид, Дариа, Михаела, Илина и Филип.
Минатата недела, Антонијо на Instagram му честиташе матура на најголемиот син Давид, кој го има од првиот брак.
„Честита матура синко“ – напиша тој.