„Пред 19 години се соочив со стравот од загуба“: Гоца Тржан емотивна на роденденот на ќерката Лена
Гоца Тржан не можеше да ги сокрие емоциите на 19-тиот роденден на ќерката Лена Маринковиќ.
51-годишната српска пејачка на Instagram сподели заеднички фотографии од нејзиното растење и ѝ напиша порака за стравовите и љубовта.
„Оваа наша заедничка фотографија од нуркањето е толку симболична. Сакав да ти помогнам да го победиш стравот од длабочина, од непознатото, од ајкули и затоа заедно се соочивме со нив. Баш како што јас пред 19 години се соочив со стравот од загуба, од животот и од безусловната љубов, а ти дојде како награда и начин да ги победам. Стана моја најголема радост и мој најголем страв истовремено.“
„Убава моја ќерко, нека ти е со среќа уште една нова година од животот, завршувањето на средното училиште, матурата и почетокот на новиот животен циклус кој може да ти донесе нови стравови. Твојот страв за мене и Раша е само ново скалило кое заедно ќе го преминеме. Те сакаме“ – напиша Гоца.
Роденденот на Лена беше одбележан и со слатки подароци – огромен букет розови цвеќиња, омилените „киндер“ јајца и срце со натпис „Те сакам“.
Таа сподели фотографии од изненадувањето на социјалните мрежи, а многумина претпоставуваат дека дел од подароците биле од нејзиното момче, фудбалерот Вукашин Јовановиќ.
Пејачката неодамна откри дека уште од најрана возраст ја носела ќерката со себе на настапи и јавни настани, обидувајќи се успешно да ги усогласи мајчинството и кариерата.
Гоца ја има Лена од бракот со поранешниот партнер Иван Маринковиќ. На 20 септември 2015 година, таа стапи во брак со тапанарот Раша Новаковиќ.