• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Телеком: Северина, Каролина и Дејвид Моралес на плоштадот „Пела“

17 септември 2015, 11:00
  • cподели

По повод воведувањето на брендот Телеком на македонскиот пазар, на 19 септември, сабота со почеток во 20.00 часот, пред Порта Македoнија, ќе се одржи голем концерт на кој ќе настапат македонската дива Каролина Гочева, најбараната балканската музичка атракција Северина и култниот продуцент и диџеј Дејвид Моралес. Целиот настан ќе го води нашиот Сашко Коцев, со што вистинската забава ќе биде неизоставен дел за сите посетители.

За време на својот настап Каролина ќе се претстави со својот втор албум од проектот „Македонско девојче“, а по повод нејзиното учество на оваа прослава таа изјави: „Средбата со скопската публика за мене од секогаш претставува посебен настан и со нетрпение го очекувам моментот кога ќе се сретнеме пред Порта Македонија. Ќе се претставам со веќе познатите нумери од албумот „Македонско девојче“ кои имаа свои концертни промоции во неколку градови низ Македонија. Но, овој пат поводот за да ги запееме повторно е воведувањето на брендот – Телеком на македонскиот пазар. Им го честитам овој голем чекор и верувам дека ќе приредиме одлична забава која ќе се памети како и сите нивни досегашни музички настани“.

Телеком музички спектакл

Веднаш по нејзиниот настап публиката ќе ја има честа да ужива во старите и новите хитови на Северина. „Среќна сум кога луѓето се препознаваат и поддржуваат. Тоа ми се случува секогаш кога настапувам пред македонската публика. Топли луѓе, добар амбиент, супер храна и гостопримство што ви го плени срцето. Тоа е она чувство како кога сте дома. Ги чекам сите кои сакаат добра музика и танцување да дојдат на големиот музички спектакл во Скопје на 19 септември“ – изјави Северина по повод нејзиниот настап пред македонската публика. Како јаготка на шлагот се очекува забавата да кулминира со диџеј сетот на познатиот Дејвид Моралес.

Забава ќе биде организирана и за најмладите со почеток од 12 часот во паркот Жена-борец со супер детска програма исполнета со интересни игри и забава со најдобрите детски хитови.

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија од 1 јули официјално станаа една компанија. Одлуката беше донесена на Собранието на акционери одржано на 17 јуни, со прифаќање на Спогодбата за присоединување.

Отсега под Телеком брендот ќе се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници, како и и Cloud решенија. Воспоставувањето на еден бренд има за цел поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на Македонски Телеком.

Tags
Каролина Гочева
Северина
Дејвид Моралес
Телеком

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.