„Те чекаат ангели предводени од твојот сакан Син“: Славните со емотивни пораки се збогуваат со легендарниот Мишо Ковач
Заминувањето на Мишо Ковач остави голема празнина на музичката сцена, но и во срцата на генерации луѓе кои растеа со неговите песни. Колеги, пријатели, јавни личности кои со години му се восхитувале... Многумина се збогуваат со легендарниот пејач споделувајќи лични спомени, незаборавни средби и зборови полни љубов.
Некои од нив имале чест да ја делат сцената со него, други го познавале далеку од рефлекторите, а за повеќето тој бил музички идол уште од детството.
Прочитајте ги емотивните пораки на славните личности за легендарниот пејач кој остави зад себе безвременски хитови.
Алка Вуица
„Замина уште една Легенда 😩 Мишо 😢🙏
Секогаш плачеше кога ќе ме сретнеше и ми велеше колку убава песна сум ти напишала. Солзите сами ти течеа, а ти ме прегрнуваше од срце, како душа да прегрнува душа…
Жал ми е што не ти напишав уште повеќе песни и што едноставно не живеев во твоето време…
Нè спои на еден албум нашиот драг пријател Зринко и така настана оваа песна, која многу ја сакаше, бидејќи навистина ја напишав од срце, за тебе. 😢🙏
Патувај, Легендо, кон подобрите светови, кон небесните ливади, каде што веќе те чекаат фанфарите и ангелите, предводени од твојот сакан Син. ❤️😘
Овде сите те сакаме и се молиме за твојата душа. 🙏🙏🙏🙏❤️❤️❤️❤️“
Здравко Чолиќ
„Сите започнавме со твоите песни и преку нив вечно ќе живееш во нас! ❤️“
Нина Бадриќ
„Татко ми го почитуваше. А таа почит ми ја пренесе и мене.
За него, Мишо беше вистински фраер.
Со години слушав приказни за него, дека е посебен, свој и дека има нешто поинакво во себе. Дури чувствував и мала трема од него, сè додека не го запознав.
Не ни сонував дека еден ден токму големиот Мишо Ковач ќе ми се јави по телефон и ќе ме покани да му бидам гостинка на концертот во Арената.
На пробата стоев покрај него како седумгодишно дете. Молчев и само го гледав.
Каква харизма... Каков авторитет!
Ми кажа неколку прекрасни реченици, го сакаше мојот глас...
Тоа беше момент кој никогаш нема да го заборавам. Не само поради честа да стојам покрај него на сцената, туку и поради мојот татко, за кого Мишо беше и остана нешто посебно.
Некои луѓе не ѝ припаѓаат само на музиката. Тие му припаѓаат на народот.
Тоа е едноставно наследство.
Драг Мишо, ти благодарам за таа чест, за секоја песна и за емоцијата што ни ја остави.
Почивај во мир, Легендо! ❤️“
Маја Шупут
„Постојат луѓе чии песни го одбележуваат нашиот живот, а постојат и такви кои стануваат дел од нас самите. За мене, Мишо беше токму тоа. ❤️
Пораснав со неговите песни, ги знаев сите напамет, одев на неговите концерти и му се восхитував уште од најмала возраст. И пред да станам пејачка, бев негова голема, искрена обожавателка. И таква останав цел живот.
Подоцна ја имав неверојатната чест повеќепати да ја делам сцената со него, но и среќата лично да го запознаам, многупати да разговарам со него и да го запознаам човекот зад таа неповторлива легенда.
Денес сум неизмерно тажна. Не само како колешка која загуби еден од најголемите, туку пред сè како она девојче кое порасна со неговиот глас и неговите песни.
Некои луѓе едноставно никогаш не заминуваат. Остануваат во песните, спомените и срцата на милиони луѓе.
Мишо, ти благодарам за секоја песна, за секоја емоција и за секој момент. Беше привилегија да се живее во времето во кое ти пееше.
Искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите. ❤️“
Дорис Драговиќ
Здравко Мамиќ
„Драг мој пријателе,
Денот на твоето раѓање, 16 јули, воедно е и денот на моето раѓање. Кога јас дојдов на свет, ти веќе имаше полни 18 години. А кога научив да ги разликувам гласовите и јасно да гледам, за мене постоеше само ти: твојот лик и твојот глас.
Целиот мој живот, секоја моја радост, а ги имаше многу, беше обележана со мислите на тебе. Ми беше пример и идол, и не можеше да помине ниту една забава, а да не се запее некоја твоја песна.
Пред очи ми е сликата од хотелот „Лав“ во Сплит: едно мало момче само на плажата на хотелот „Лав“, а целата плажа со подотворени усни гледа како поминуваш.
Се сеќавам на твојот прекрасен концерт во „Салоон“, кога клечев пред тебе и заедно со тебе им пеевме на нашите драги пријатели. Се сеќавам на тебе од болницата „Дубрава“ и од Крапинске Топлице, се сеќавам на нашите телефонски повици и разговори.
Како што ти ми беше пример со твоите песни и изгледот, така и јас од тебе ја добивав несебичната и безусловна поддршка во сите мои борби за силен Динамо и силен хрватски фудбал. Ме бранеше, ми се восхитуваше, иако никогаш не сум запознал поголем навивач на мојот ривал Хајдук од тебе.
Многумина не го знаат тоа, па ќе потсетам: пред речиси секоја од стоте и повеќе меѓународни натпревари што Динамо ги играше во Европа, ноќта пред натпреварот, делегацијата на Динамо, пријателите и спонзорите од секој град ќе ти се јавеа и ќе ти испееја по телефон некоја од твоите песни.
Те љубам, драго мое пријателче, твоето срце, твојата музика, твојата жртва, твоето хрватство.
Засекогаш те сака твојот пријател,
Здравко ❤️“
Ѓоко Ѓорчев
„'Ти си песната на мојата душа – Мишо Ковач'
Мишо, Легендо, почивај во мир. 🙏
Засекогаш верен на тебе и на твојата музика.
На сите мои настапи засекогаш ќе живеат твоите песни.
Твојот Ѓоле. 💔🙏“
Авалон продукција
„Година 1995.
Веќе со Данче го работевме Мишо во Универзална.
Првиот пат - 4 Универзални.
Вториот пат - 3.
И 1995 беа закажани 2 концерта.
Сега, уствари, ми текнува дека Мишо Ковач е првиот мејнстрим концерт на Авалон.Мишо пристигна во Скопје ден пред концертот.
Бендот требаше да дојде на денот на концертот.
Ама, магла, аеродромот затворен.
Треба некој да му каже на Мишо дека вечер нема концерт.Одиме со Данче во Континентал.
Мишо вели: „Ја вечерас излазим на бину сам… И нема силе која ће ме спречити“!?
Што сега?
Бране Авалон вика: „Мајка, имам идеја“!
Кажи, Мајка?
„Драган Вучиќ и Кода“.
Мајка, како бе, без проба, без бутур?
Бране: „Мајка, овој ќе излезе сам, не се заебава“!
Драган Вучиќ: „Нема проблем, одиме - 1400 марки“.
Концертот се одржа!
Без проба, Мишо и група Кода!
А1 снимаше… многу ми е жал што снимката отиде… заедно со А1.
Беше лошо до бол.
Ама, Мишо отпеа… никој ништо не примети.
Никому ништо не пречеше!
Мишо и неговиот брк и неговите песни беа тука.
Завршува концертот.
Мишо оди во гардероба.
Јас и Данче по него.
Мишо: „Браћо, ево, ако ово може урадит онај Мајкл Џексон… ја га нећу спречит у томе“!?!?
Таквите како Мишо не умираат.
Ама баш никако!Постов е посветен на брат ми Данче, другар ми Бране Мајка и, секако, на татко ми Гаго, на кого Мишо му беше омилен лик и пејач во животот - „Бобе, некогаш ќе сфатиш дека Мишо е поголем рокер од многу од твоите рокери“.
Испадна дека е во право.
Како и за многу други работи во животот за кои мислев дека е во криво кога ми ги кажуваше.“
Легендарниот хрватски музичар, чии песни со децении беа дел од љубовните приказни, славењата и тагите на генерации, почина во Сплит на 85-годишна возраст.
Неговата најголема лична трагедија беше загубата на синот Еди, кој почина во 1992 година, а Мишо често истакнуваше дека таа болка засекогаш оставила длабока трага во неговиот живот.