• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Сложни бивши: Ирина Шајк и Бредли Купер повторно заедно за Халовин со маскираната ќеркичка

2 ноември 2026, 08:52
  • cподели

Иако нивната љубовна приказна заврши пред 7 години, Ирина Шајк и Бредли Купер и понатаму покажуваат дека ќеркичката им е приоритет и по разделбата. 

Како секоја година, така и оваа, поранешните партнери го поминаа Халовин заедно со нивната ќерка Леа.

Ирина се маскираше во ѓавол. 40-годишната манекенка носеше тесен латекс-костим кој совршено ја следеше нејзината фигура, црвени чевли со високи потпетици и рогови како дел од маската.

„Ангел преправен во ѓавол“ – напиша таа на Instagram, алудирајќи на нејзиното појавување на ревијата на Victoria’s Secret.

Бредли избра многу помистериозна маска. 51-годишниот актер го сокри лицето зад маска со череп и носеше бела наметка со качулка. Нивната 9-годишна ќерка Леа беше облечена како ангел во бел фустан и крзнено палтенце, а на грбот носеше крилја.

Ирина, Бредли и Леа беа фотографирани во њујоршката населба Вест Вилиџ, во која заедно ги посетувале домовите и собирале слатки, продолжувајќи ја семејната традиција за Ноќта на вештерките.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MTN ( Movie TV News ) (@movietvnewsofficial)

Ирина и Бредли ја започнаа врската во 2015 година, а во март 2017 година ја добија ќерката Леа. По 4 години љубов, двојката се раздели во 2019 година, но тие останаа пријатели за доброто на Леа.

Ирина во неколку наврати отворено зборуваше за нивното заедничко родителство, нагласувајќи дека најважно им е нивната ќерка да се чувствува сигурно и сакано.

Во интервју за магазинот „Elle“ во 2023 година, манекенката со пофални зборови зборуваше за актерот, нарекувајќи го „најдобриот татко за кој Леа и јас можеме да сонуваме“.

Таа тогаш истакна и дека нивниот договор како родители функционира затоа што двајцата се подготвени да вложат труд.

„Секогаш функционира затоа што ние правиме да функционира“ – изјави Шајк.

Холивудскиот актер веќе неколку години е во врска со супермоделот Џиџи Хадид, со која неодамна поттикна гласини за можна свршувачка или брак.

Tags
Ирина Шајк
Бредли Купер

Најнови

  • „Те чекаат ангели предводени од твојот сакан Син“: Славните со емотивни пораки се збогуваат со легендарниот Мишо Ковач

    Mon, 11/02/2026 - 10:19
  • „Ти трчаш со нозете, јас со срце“: Верче која има Даунов синдром го бодреше својот брат на „Струмица на улица“

    Mon, 11/02/2026 - 08:55
  • Сложни бивши: Ирина Шајк и Бредли Купер повторно заедно за Халовин со маскираната ќеркичка

    Mon, 11/02/2026 - 08:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.