Тажно: Моментот на експлозијата во Бејрут уловен во свадбено видео додека невестата позира во венчаница
Моментот на страотната експлозија во Бејрут беше овековечен во свадбено видео кое деновиве буквално го обиколи светот.
Во тажниот видеозапис, невеста позира во својата венчаница, а по неколку секунди се слуша силната експлозија.
Насмевката од лицето на невестата исчезнува и најсреќниот ден од нејзиниот живот се претвора во кошмар. На крајот од видеото, сите присутни бегаат, не знаејќи што точно се случува.
ВИДЕО
Фотосесијата се одвивала на нешто повеќе од 1 километар од пристаништето каде настана експлозијата. За среќа, и невестата и фотографот не се повредени.
Posted by Mahmoud Nakib on Tuesday, August 4, 2020
