• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Тажно е што веќе те нема, а требаше уште толку многу да си кажеме“: Весна Писаровиќ и Бајага емотивно се простија од Владо Јаневски

30 јуни 2026, 14:00
  • cподели

И балканската музичка сцена е во неверување и тага по смртта на нашиот пејач Владо Јаневски.

Меѓу големиот број колеги и пријатели кои скршени од болка се простуваат со големиот македонски музичар се и хрватската пејачка Весна Писаровиќ, како и легендарниот српски пејач Бајага.

Токму Весна ја имаше честа пред само четири месеци да го има можеби и последниот јавен настап со Владо. Тој беше гостин на нејзиниот концерт во март во Скопје, кога за првпат во живо го испеаја нивниот заеднички дует „Љубав је религија“, песна која Владо ја напишал пред речиси дваесет години.

„Оваа пролет те гледав како ја изведуваш оваа песна во Скопје - беше многу горд на неа. А потоа само една недела подоцна, премиерно во живо ја изведовме песната која ја снимавме пред многу години. Убаво беше, зарем не? Оттогаш редовно се слушавме - ти циник, јас ништо помалку. Ти можеби малку пореален. Сакавме да коментираме песни, колеги, книги, но најмногу љубов. Тажно е што веќе те нема, а требаше уште толку многу да си кажеме.“ - сподели хрватската ѕвезда на својот Instagram профил на фотографијата со Владо и линк до неговата песна „Принчипеса“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Eventum (@eventum.mk)

Предводникот на групата „Бајага и инструктори“, пак, Момчило Бајагиќ Бајага, сподели емотивни зборови со црно-бела фотографија од Јаневски. Како двајца од највлијателните автори и изведувачи во македонската и регионалната музичка сцена, тие на 14 февруари годинава одржаа заеднички четиричасовен музички спектакл во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Концертот беше организиран по повод празниците Св. Валентин и Св. Трифун, а публиката уживаше во нивните најголеми хитови.

„Со тага се простуваме со нашиот долгогодишен пријател и соработник. Нашите заеднички концерти ќе ни останат засекогаш во сеќавање“ - напиша Бајага.

Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел утре (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот.

Tags
Весна Писаровиќ
Момчило Бајагиќ Бајага
Владо Јаневски

Најнови

  • Електричен тротинет

    Официјално: Електрични тротинети само над 18 години, нема возење по двајца и брзина до 20 км на час

    Tue, 06/30/2026 - 15:22
  • „Тажно е што веќе те нема, а требаше уште толку многу да си кажеме“: Весна Писаровиќ и Бајага емотивно се простија од Владо Јаневски

    Tue, 06/30/2026 - 14:00
  • Ѓорѓи Колозов

    „Добредојдовте кај дедо Боже!“: Анегдотата за Ѓорѓи Колозов која и денес се раскажува во Велестово

    Tue, 06/30/2026 - 12:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.