• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Татко од Македонија преку илустрации од измислените зборови на ќерката ја подигнува свеста за аутизмот

2 април 2018, 13:43
  • cподели

На 2 април се одбележува Светскиот ден на аутизмот, а по тој повод, во Скопје беа организирани низа настани во кои се вклучија и аутистични деца. Уметникот Зоран Кардула со сопругата Домника и ќерката Ерато, која има аутизам, беа дел од поддржувачите на настанот.

Пред неколку часа, Зоран објави видео со кадри од случувањата, кое има за цел да ја подигне свеста кај луѓето за лицата со аутизам. Во позадина тече песна за неговата ќерка Ерато, која содржи зборови измислени од аутистичното девојче како начин за комуникација со светот.

Зоран КардулаЕрато со мајка си Домника Зоран КардулаЕрато со татко си Зоран Зоран Кардула Зоран Кардула

ФОТО: Миле Папазовски, Зоран Матовски / Аутизам МК

Ерато Кардула има измислено 47 зборови, а тие неодамна му беа инспирација на нејзиниот татко за да ја создаде книгата „Гуш и бац“.

„Сега секој може да ги научи зборовите и да открие што значат тие. На некој начин, покрај тоа што е подарок од татко за неговата ќерка, прекрасната книга е и подарок за светот – алатка подобро да се разберат луѓето со аутизам“ – објаснува Зоран.

Книгата содржи 47 илустрации, а има за цел да ја подигне свеста за аутизмот и да собере средства за создавање подобри услови за децата со аутизам од сиромашни семејства и за стручните лица кои работат со нив. Таа е преведена на 19 јазици, а на неа работеа 33 талентирани артисти од Македонија.

Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран КардулаСечова (Месечина; илустрација: Зоран Кардула) Зоран КардулаАпи (Патики; илустрација: Васил Шемковски - Шемко) Зоран КардулаПет (Пенкало; илустрација: Зоран Кардула) Зоран КардулаСаи (Миење заби; илустрација: Филип Велковски) Зоран КардулаИП (Мечето Пух; илустрација: Влатко Ристов) Зоран КардулаШоса (Ножици; илустрација: Немања Трајковиќ) Зоран КардулаБаха (Брашно; илустрација: Никола Радуловиќ) Зоран КардулаШи (Врзи; илустрација: Иван Дургутовски) Зоран КардулаВ’ај (Нула; илустрација: Дијана Димитриевска) Зоран КардулаШики (Лулашки; илустрација: Горан Костовски) Зоран КардулаИбија (Нивеа крема; илустрација: Игор Делов) Зоран КардулаКајви (Храна и вино; илустрација: Татјана Коцева) Зоран КардулаПапативи (Панталони; илустрација: Дејан Ханџиски) Зоран КардулаСита (Цедевита; илустрација: Александар Илиевски) Зоран КардулаСија бисиси (Среќни празници; илустрација: Емилија Мишева Ставрова) Зоран КардулаКајн Пм’п (Граници не постојат; илустрација: Видана Бошкова Мицевска) Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула

„Гуш и бац“ беше промовирана во Националната галерија „Чифте амам“ на почетокот на декември минатата година. Фотографиите од настанот ја прикажуваат љубовта на познатиот уметник кон неговото семејство.

Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула Зоран Кардула

Фотографи: Ванчо Џамбаски, Васе Аманито и Небојша Гелевски

Домника, мајката на Ерато, на изложбата порача: „Да почнеме од себеси, од нашите деца. Да им укажеме дека има поразлични од нас, но не помалку вредни. Лица кои не бараат сожалување туку почит, разбирање и малку помош. Да направиме подобар свет за сите нас“.

Денес, Зоран на Facebook раскажа за случка која, како што вели тој, ја покажува чистата љубов и човечност која ја носат лицата со аутизам.

Еве го неговиот текст:

Ерато Кардула

Денес Интернационале ден на лицата со Аутизам, и ќе ве потсетам на една случка кој ја покажува нивната чиста љубов и човечност која ја носат со себе и те прават неизмерно среќен и секако подобар во секој поглед.

“Излеговме да де се шетаме со Ерато и некаде пред почетокот на плоштадот ни пријде едно девојче на некои 4-5 години кои проси и ја испружи раката за да добие пари. Ерато не знае што е тоа и нормално си помисли дека девојчето и подава рака да се држат за рака. Ерато си ја фати за рака и продолжи да оди. На девојчето не и стана јасно што се случува , целата во чудо се најде и ми се обрати мене со зборовите – ме држи за рака, јас и кажав да и сака да се шетате. Она сеуште збунета ми вели – со мене сака да се шета. По неколку секунди така и се насмеаа очите и целата среќна без зборови продолжи да оди со нас до камениот мост и се пушти од рачето на Ерато и си продолжи према кеј. Претпоставувам дека ова и беше прв пат некој да ја прошета за раче а толку збунета беше што и не ни побара повеќе пари туку си се прошета со нас. “

Точно овие се моменти кои животот со дете со нетипичен развој се вели дека те прават подобар родител. Едно е сигурно Ерато не научи да живееме без предрасуди. Ги имаме заборавено тие основни човекови особини но затоа аутистичните деца немаат предрасуди према никого. Девојчето не доби пари но некако гордо се прошета по плоштад и се осети сакано и као и секое друго детенце кое се шеташе таму.

Tags
аутизам
Зоран Кардула
Ерато
деца со посебни потреби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.