• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Тарик Филиповиќ во Скопје: „Мајка е мајка. Кога си паднал и си рекол ТАТО?“

14 ноември 2024, 20:15
  • cподели

Тарик и Лејла Филиповиќ учествуваа во панел-дискусиите на првата регионална конференција за родителството под покровителство на Becutan која се одржа во Скопје. Славниот пар пленеше со непосредноста, искреноста и шармантното презентирање на гледиштата за растењето и воспитувањето на децата.

Популарниот водител беше панелист во „Тато е херој“, сегментот посветен на татковството и улогата на мажите во грижата за малите и нивното обликување како личности. Додека неговата сопруга со насмевка го следеше од публиката, тој раскажа како откри за бременоста и се наврати на самите моменти на раѓањето на помалиот син кои лично ги снимал со камера.

Becutan конференција Becutan конференција

Ние тоа некако го чекавме, чекавме, чекавме, па не се случи, па го оплакавме, па пак го чекавме и еден ден ѝ реков на сопругата дека ќе престанам да пушам денот кога ќе покаже тест дека е бремена. И таа ми рече ‘Еј, знаеш што е ново, утре ќе престанеш да пушиш’. Јас одма извикав ‘јееее’ и клекнав пред неа, зашто сум комбинација од типична риба во хороскоп и Босанец. Се разбира, не престанав да пушам... Требаше да се чести, па кога се роди детето, пак мораше да се чести.

Мислам дека постои период во животот „пред“ и „по“ дете, бидејќи тоа е потполно остварување како човек. Претходно, како што велат луѓето, ти фали нешто. Значи не ти фали љубов, не ти фали ништо, туку она што е тешко да се објасни. Кога ќе имаш дете, и срцето ти е полно и душата ти е полна и едноставно си остварен како човек. И тогаш почнуваат грижите и сфаќаш дека си бил безгрижен пред да добиеш дете.

Кога нашиот помал син се раѓаше, отидов во родилиштето и беше она „сака, не сака, може ќе трае малку подолго“ и бабицата ми рече „Оооо, таквите како тебе, паѓаат во несвест“. Ѝ реков „Нема шанси, ќе видиш“. Јас цело време бев тука, асистирав, со една рака снимав, во паузите одев да ги забавувам другите жени кои се породуваа. На самиот чин, со една рака ја држев, со другата снимав со камерата, синот излегува, јас снимам ама онака естетски да се гледа само над колена, па ножици во рака и ја сечам папочната врвца. Тогаш доаѓа Бенетон фотографија. Малиот беше виолетов, јас црвен, а Лејла беше жолта. Значи Бенетон ни беше спонзор.

Becutan конференција Becutan конференција

За улогата на мајката во животот на секое дете, тој низ насмевка рече:

Мајка е мајка... Кога си паднал и си рекол ‘Тато’? Никогаш.

Имам признаено дека сум чирак, добар чирак и навистина учев со сопругата како и што. Кај мене имаше малку поголем страв, кај неа, како и кај секоја мајка, сè беше поприродно.

Сумирајќи го своето искуство како татко, неговиот совет за оние кои размислуваат за оформување на семејство е:

Да знаев дека е толку убаво, порано ќе се оженев. Сè се менува само на подобро. Се разбира, ако се подредат коцките како што треба, ако си со вистинската личност и ако размислуваш здраво. Би ги советувал да влезат во брак и родителство, ако срцето им е исполнето како што мене ми било и ден-денес ми е, а сè останато ќе се нареди.

Тарик и Лејла се во брак 16 години и се родители на 16-годишниот Арман. Убавата Хрватка има и 21-годишен син од претходен брак, кој славниот водител на „Милионер“ го прифати како свој.

Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција

Конференцијата „Родителството некогаш и денес“ беше посветена на сите деликатни теми и важни предизвици со кои се соочуваат родителите, а дискутираа јавни лица од Македонија и од регионот и експерти од повеќе сфери поврзани со детскиот развој.

Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција Becutan конференција

Фото: Ерина Богоева / Femina.mk

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.