• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Тамара Тодевска со искрена порака за наметнатите правила за жените и настапот на Евровизија

18 февруари 2019, 20:15
  • cподели

Тамара Тодевска ќе ја претставува нашата земја на овогодишниот избор за песна на Евровизија. На манифестацијата во Тел Авив, 33-годишната пејачка ќе настапи со песната „Proud“ (Горда), за која објави емотивен пост на социјалните мрежи.

Во пораката, Тамара сподели дека на евровизиската сцена ќе пее за нејзината ќерка Хана, бидејќи посакува нејзините деца да можат да живеат во свет без стереотипи и наметнати правила за жените.

„Денес, кога ќе ја погледнам ќерка ми, сакам да има можност да расне во свет во кој никој нема да ѝ суди, нема да ѝ кажува како да се однесува, како да постапува или како да се движи. Сакам да знае дека не мора да ги следи правилата за да биде прифатена. Сакам да биде онаква каква што таа сака да биде и најважно, да биде горда на себе“ – пишува македонската пејачка.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on Feb 10, 2019 at 6:16am PST

Пред еден месец, кога добив покана да ја претставувам мојата земја на Изборот за песна на Евровизија во Тел Авив (покрај моето ентузијастично и радосно ,,Да!"), првото нешто што ми падна на ум беше: „Која ќе биде целта на моето учество на натпреварот? Што е тоа што сакам да го кажам? Што е тоа што сакам да го споделам со светот?“

За мене учеството на Евровизија никогаш не било да се влезе во финале, да се биде меѓу првите 10 или да се победи. Евровизија за мене отсекогаш била многу повеќе од тоа.

За мене Евровизија отсекогаш претставувала прифаќање на различното, пркосење на правилата и прифаќање на себеси, баш онаков каков што си. Евровизија е таа една вечер во годината кога публиката во целиот континент се собира на едно место за да ја прослави посебноста, храброста и вербата во себе! Тоа е местото кадешто да се биде различен значи да се биде ГОРД на себеси.

Јас сум мајка на две деца, имам тригодишна ќерка и тримесечен син. Знам дека звучи како клише, но тие навистина го променија мојот живот и јас како мајка и како родител чувствувам дека е моја и наша обврска да донесеме позитивни промени во животите на нашите деца.

Целиот мој живот ми кажуваа дека не се однесувам женствено, дека не сум доволно добра, дека се движам и се однесувам како машко. Наведни ја главата, облечи нешто секси и на никој нема да му биде гајле што зборуваш, ми велеа. За нив јас бев само уште една изгубена девојка.

Денес, кога ќе ја погледнам ќерка ми, сакам да има можност да расне во свет во кој никој нема да ѝ суди, нема да ѝ кажува како да се однесува, како да постапува или како да се движи. Сакам да знае дека не мора да ги следи правилата за да биде прифатена. Сакам да биде онаква каква што таа сака да биде и најважно, да биде горда на себе. Тоа е најмалку што можам да направам за неа.

Затоа, на 16-ти мај, ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А!

СЕКОГАШ ќе бидете доволно добри!

Се гледаме во Тел Авив!

Тамара

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on Feb 18, 2019 at 2:26am PST

децата на Тамара
Tags
Тамара Тодевска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.