„Наше мало сонце“: Ќеркичката на Даниел Кајмакоски го прослави вториот роденден со торта со Том и Џери
Ќеркичката на Даниел Кајмакоски наполни две години.
Неговата сопруга Марина сподели фотографии од интимната домашна прослава, заедно со топла честитка посветена на малечката Емилија.
Слатката славеничка доби роденденска торта украсена со ликовите на омилените цртани јунаци Том и Џери, а најубавиот подарок, секако, беше љубовта на најблиските.
„Две години од твојата насмевка, прегратки, палавости и љубов кои го направија нашиот свет уште поубав. Ти посакуваме секогаш да бидеш толку љубопитна, весела, храбра и своја. Детството да ти биде исполнето со магија, срцето секогаш да ти биде полно со љубов и никогаш да не престанеш да сонуваш.
А ние ќе бидеме тука, да те чуваме, бодриме, гушкаме и сакаме низ секој твој чекор и секоја нова авантура.
Среќен втор роденден, наше мало сонце!
Те сакаат бескрајно, мама, тато, Стефан и твојата Нера. ❤️“ – стои на фотографија од Марина и Емилија, кога беше бебенце.
Даниел и Марина заедно го имаат и синчето Стефан. Кајмакоски има уште едно дете од бракот со Кристина Димитриевска.