• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Срце полно љубов“: 9-годишно девојче по хемотерапиите се врати на училиште, доби љубов од соучениците за роденденот

10 ноември 2026, 14:20
  • cподели

По тешкиот период и лекувањето од рак, малата Анто од Аргентина се врати во школските клупи и беше дочекана со многу љубов, прегратки и изненадувања.

Нејзиното враќање се совпадна и со нејзиниот деветти роденден, па радоста беше уште поголема.

На профилот на Анто е споделено видео и порака во која таа откри дека имала измешани чувства, и возбуда и мала трема, пред повторната средба со соучениците и наставниците.

„Беше прекрасно повторно да ги видам соучениците, наставниците и целиот училиштен персонал. Заминав со срце полно љубов“ – стои на нејзиниот профил.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Good News Movement (@goodnews_movement)

Особено емотивен момент за Анто беше и 8 октомври, кога заѕвони на ѕвончето во болницата во којашто се лекуваше за да го означи крајот на хемотерапиите.

„Имаше денови кога плачев, други кога многу се смеев, а имаше и многу прегратки кои ми помогнаа да продолжам.

Сега започнува ново поглавје. Денес сакам да славам и засекогаш да го зачувам овој спомен во срцето. ❤️

Да не ги земаме работите здраво за готово – една прегратка, една насмевка, малку време поминато заедно. Нека секој ден ни донесе нешто убаво и единствено ✨“ – напиша тогаш таа, заблагодарувајќи им се на семејството, пријателите, училиштето и медицинскиот тим од болницата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Anto y Martu Miller (@antoymartumiller)

Tags
хемотерапии

Најнови

  • „Срце полно љубов“: 9-годишно девојче по хемотерапиите се врати на училиште, доби љубов од соучениците за роденденот

    Tue, 11/10/2026 - 14:20
  • Посветен татко ослабе 38 килограми за да стане донор и да му го спаси животот на 6-годишниот син

    Tue, 11/10/2026 - 13:50
  • „Хурем Султан“ атрактивна во црвен фустан во Баку, го промовираше новиот филм со колегата Халит Ергенч

    Tue, 11/10/2026 - 11:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.