• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Посветен татко ослабе 38 килограми за да стане донор и да му го спаси животот на 6-годишниот син

10 ноември 2026, 13:50
  • cподели

Хари Џексон доби шанса за нов живот откако неговиот татко му донираше дел од црниот дроб и тенкото црево, во исклучително ретка трансплантација која му го спаси животот.

Шестгодишното момче од Кембриџ уште од раѓање се соочувало со сериозни здравствени проблеми. Родено е со неправилна поставеност на цревата, состојба која може да доведе до нивно извртување и прекин на снабдувањето со крв. Со текот на годините, дополнително развило и заболување на црниот дроб како последица на долготрајната интравенска исхрана, неопходна за справување со неговата состојба.

Неговите родители знаеле дека еден ден најверојатно ќе му биде потребна трансплантација на црева, но состојбата на Хари се влошила многу побрзо отколку што очекувале.

Кога лекарите откриле дека неговиот црн дроб откажува, Ени и Гери се подложиле на испитувања во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон, за да се утврди дали некој од нив може да биде донор.

Резултатите покажале дека таткото е речиси идеален донор – неговата генетска компатибилност со тогаш четиригодишниот син изнесувала дури 98 проценти.

За да може да ја направи донацијата, Гери морал со месеци да се подготвува. Тој ослабел околу 38 килограми, следел строга диета и воглавно јадел само пилешко и ориз, целосно се откажал од алкохолот и посветено работел на подобрување на своето здравје, за да ги исполни медицинските услови за операцијата.

„Кога сте родител, на своето дете би му дале сè, без ниту еден момент размислување“, изјави Гери за Channel 5 News и додаде дека можноста да му помогне на синот и да му даде втора шанса за живот е најголемата привилегија која ја имал.

Операцијата била изведена во јануари 2025 година и траела неверојатни 17 часа. Лекарите отстраниле околу 20 проценти од црниот дроб на Гери, како и метар и половина од неговото тенко црево, кои потоа му биле трансплантирани на малиот Хари. Закрепнувањето на таткото траело околу шест недели.

Според професорот Најџел Хитон, трансплантациски хирург во болницата „Кингс колеџ“, Гери низ целиот процес бил позитивен и посветен, а неговото закрепнување поминало многу брзо.

Станува збор за исклучително ретка медицинска интервенција. Според лекарите, во светот досега се регистрирани околу десет вакви случаи на трансплантација на делови од црн дроб и тенко црево од жив донор, при што сите пациенти биле деца.

„Тоа останува најголемата привилегија во мојот живот. Беше тешко, но ништо не може да се спореди со чувството да го гледам Хари како повторно станува поздрав и посилен. Би го направил тоа повторно без ниту една секунда двоумење“ - откри Гери.

„Кога ќе пораснам сакам да бидам како татко ми“ - вели малиот херој.

Tags
трансплантација

Најнови

  • Посветен татко ослабе 38 килограми за да стане донор и да му го спаси животот на 6-годишниот син

    Tue, 11/10/2026 - 13:50
  • „Хурем Султан“ атрактивна во црвен фустан во Баку, го промовираше новиот филм со колегата Халит Ергенч

    Tue, 11/10/2026 - 11:55
  • Алексеј Бјелогрлиќ не се одвојува од Сара Јо, си разменуваа бакнежи и нежности на нејзината роденденска прослава

    Tue, 11/10/2026 - 10:56
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.