Бројни слатки изненадувања по промотивни цени и дополнителни награди за најсреќните купувачи, ќе им понуди Веро на своите потрошувачи во рамките на традиционалниот настан „Чоколенд“ што ќе се одржува во периодот од 8 до 17 декември.
Машко-женски дуели во готвење со познати личности, многу забавни моменти и смеа, но и кулинарски совети од реномирани готвачи, ќе бидат дел од големото Веро шоу за готвење кое се организира по повод 20-годишнината на Веро.