Појадокот е најважниот оброк во денот – правило кое никогаш не треба да го заборавите. Не само што ќе ви помогне да ја одржите линијата, туку ќе ви помогне и да го заштитите вашето срце.
Истражувачи од Хонг Конг тврдат дека црвениот кромид му помага на телото да се ослободи од лошиот холестерол, а истовремено да го задржи добриот холестерол, па со тоа ја намалува појавата на срцеви заболувања.
Добрата орална хигиена може да ви помогне не само да го подобрите здравјето на забите и да имате убава насмевка, туку и да го заштитите срцето. Научниците уште еднаш ја потврдија врската меѓу оралната хигиена и срцевите болести.
Најновото истражување на тим од Универзитетот Харвард покажало дека преработеното црвено месо го зголемува ризикот за појава на срцеви заболувања и дијабетес.
Научниците тврдат дека грозјето го намалува крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и ги намалува другите фактори кои придонесуваат за развивање на срцеви болести и дијабетес.
Американско истражување покажа дека позитивното мислење, радоста, среќата и возбудата помагаат за подобрување на физичкото здравје, поточно на здравјето на срцето.