Во интервју за Фемина, успешната креаторка Сандра Матеска зборува за детството кое ја обликувало, за предизвиците, за љубовта што ја движи и за амбицијата што не познава граници.
Сандра Матеска успеа да си го оствари ултимативниот сон како дизајнерка. Македонската креаторка, која стои зад брендот Atelier Per Sempre, го привлече вниманието на кинескиот Vogue и доби простор во „модната библија“ двапати во две недели.