• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Младата дама зад еден од најгламурозните настани во Скопје: Сандра Матеска блесна во бело покрај сопругот Денис

2 октомври 2026, 12:27
  • cподели

Пред два дена, Скопје беше домаќин на вечер исполнета со гламур, мода и елеганција. Во раскошниот амбиент на PARK by Ragusa се одржа The Haute Wed Gala 2026, која на едно место обедини свадбена мода, музички настапи и сценски перформанси, привлекувајќи бројни познати гости и претставници на македонската креативна сцена.

Зад една од најгламурозните вечери во Скопје годинава стои Сандра Матеска Блатт, основачка на Atelier Per Sempre и организаторка на настанот.

За свеченоста, Сандра избра елегантна бела креација со која природно се вклопи во софистицираната естетика на вечерта, инспирирана од декадентниот гламур и театралниот дух на 20-тите години на минатиот век. Отмената дизајнерка беше придружувана од сопругот Денис.

Младата дизајнерка, која е и ко-основачка на Atelier Per Sempre, е „виновникот“ за настанот на кој беше претставена и новата колекција венчаници на брендот.

Вечерта беше збогатена и со кабаре настап, а за креативната и режиска реализација на програмата беше ангажиран Ѓорѓи Петрушевски, со кого Матеска позираше на настанот.

Сандра денес живее во Дубаи, каде продолжува да ја гради својата професионална приказна.

Пред четири месеци, во интервју за Фемина, Матеска отворено зборуваше за своето детство, скромното растење во Македонија и мајка ѝ, која имала големо влијание врз нејзината креативност и животен пат.

Кога зборувам за креативноста и од каде таа доаѓа, мора да кажам дека главниот „виновник“ е мајка ми. Начинот на кој таа нè одгледа и нè мотивираше уште од најрана возраст да се изразуваме креативно, остави длабок печат. Се сеќавам колку беше вклучена во секој проект за училиште, со каква страст ни се посветуваше за да направиме нешто посебно и уникатно. Никогаш не рекла „само направи го ради реда“, туку со целосна посветеност и одвојувајќи го своето време, индиректно ни покажа дека во сѐ во кое вложуваш душа, резултатот секогаш е повидлив.

Уште од најмали нозе ни купуваше книги за различни уметности, правевме оригами заедно, практични проекти од физика и хемија, го препозна мојот талент за цртање и одвои средства и време редовно да ме носи на приватни часови за ликовно. За мене и сестра ми шиеше облека за секоја прилика и ни ја отвори желбата сами да „дизајнираме“, а сето тоа додека беше самохрана мајка која се бореше буквално да стави парче леб на масата – сподели со нас таа.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Фото: Кики Муки, Мартин Андонов, City Plus Photography / The Haute Wed Gala 2026

Tags
Сандра Матеска
Денис Блат
The Haute Wed Gala 2026

Најнови

  • Младата дама зад еден од најгламурозните настани во Скопје: Сандра Матеска блесна во бело покрај сопругот Денис

    Fri, 10/02/2026 - 12:27
  • Катарина Ивановска

    Кабаре гламур во стилот на 20-тите: Катарина Ивановска впечатлива на The Haute Wed Gala

    Fri, 10/02/2026 - 12:11
  • Турчинка со Даунов синдром си го исполни сонот за свадба со љубовта на својот живот

    Fri, 10/02/2026 - 11:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.