• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

„Мамо, јас сум во Vogue!“ – Македонката Сандра Матеска со двоен триумф во светската модна библија

15 април 2026, 13:30
  • cподели

Сандра Матеска успеа да си го оствари ултимативниот сон како дизајнерка. Македонската креаторка, која стои зад брендот Atelier Per Sempre, го привлече вниманието на кинескиот Vogue и доби простор во „модната библија“ двапати во две недели.

Првенствено Матеска се најде на страниците на престижното списание со нејзината бајковита свадба со Денис Блат. Во објавата е претставена и љубовната приказна на двојката – од запознавањето во Дубаи до запросувањето на Бали, како и внимателно осмислената свадбена прослава, во која секој детаљ бил дел од заедничката креативна визија. Всушност, парот ја официјализираше својата љубов со две церемонии. Едната се одржа во замок во Франција, а втората со традиционален шарм во Македонија.

На свадбените фотографии погледот го заробуваат венчаниците на Матеска, кои се изработени во нејзиното ателје и кои, освен што пленат со својата естетика, кријат и непроценлива емотивна вредност затоа што се и рачно шиени од нејзините мајка и баба.

Сандра Матеска
Сандра Матеска
Сандра Матеска
Сандра Матеска
Сандра Матеска

Само денови по првиот „блесок“ во списанието, таа се најде одново во Vogue со нејзиното гостување на ревија на Шангајската модна недела. 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sandra Mateska 🗺👣 (@sandra.mateska)

Матеска ја сподели веста на социјалните мрежи, нагласувајќи дека успехот е резултат на континуирана работа, посветеност и истрајност и покрај ограничените можности на почетокот.

„Мамо, јас сум во VOGUE! 😭🥹🤩

Сонував за ова уште од кога бев мало девојче и се дотерував во мојата соба, но секогаш ми изгледаше толку далечно. Кога го отворив сопствениот бренд, се сеќавам дека реков: „Ќе знам дека сум успеала оној ден кога ќе се појавам во Vogue“, а искрено, дури и тогаш не верував целосно дека е можно. Не доаѓам од познато семејство, ниту од земја која лесно ти дава можности.

Затоа, направив што можев. Се преселив веднаш по факултетот, работев неуморно, и дури и во периодите кога ателјето не ми беше главен фокус, никогаш не се откажав од него. Тоа е моето „бебе“. Секогаш знаев дека ќе најдам начин да го направам видливо.

Потоа, дојде свадбата и нешто се смени. Јас и Денис вложивме сè во тие три дена, не само како прослава туку и како вистинска креативна визија што ја изградивме заедно. Се сеќавам дека си помислив: „Добро, ова е моментот, даваме сè од себе.“ И навистина го направивме тоа. 🥹

Фактот дека нашата свадба, нашата љубовна приказна, фустаните кои мајка ми и баба ми рачно ми ги сошија, сето тоа заврши во Vogue... сè уште не можам целосно да го процесирам. 🤍

Но, доаѓа и пресврт. Минатата недела се појавив во Vogue по ВТОР пат, за време на Shanghai Fashion Week. Воопшто не го очекував тоа. 🙈 Значи не еднаш, туку двапати во две недели. Ако тоа не е манифестација на друго ниво, не знам што е. 🫠

Сонувајте големи соништа. Следете ги дури и кога изгледаат невозможно. Особено тогаш. ❤️✨

Голема благодарност до мојот тим од соништата што го направи сето ова возможно.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sandra Mateska 🗺👣 (@sandra.mateska)

Сандра Матеска
Сандра Матеска
Сандра Матеска
Сандра Матеска

Со својата приказна, Матеска ги охрабрува младите да сонуваат големи соништа и да не се откажуваат од своите цели. Инаку, таа е и дизајнерката која минатата година се појави на гласање во Скопје во венчаница и стана вирален хит.

Tags
Сандра Матеска

Најнови

  • Роман Лескароски

    „Тешко ми е, но јас сум херој и морам да успеам“: Храбриот борец Роман во количка опкружен од соучениците – слика која топи срца

    Thu, 05/14/2026 - 20:35
  • Настан на Реплек и Економскиот факултет

    Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

    Thu, 05/14/2026 - 20:00
  • Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати

    Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

    Thu, 05/14/2026 - 19:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.