Самопрегледот на дојките е бесплатен, едноставен и ефикасен начин за контролирање на здравјето на дојките. Се препорачува жените по 20-тата година секој месец да си прават самопреглед на дојките. Прочитајте како правилно да си ги прегледувате градите.
Редовната физичка активност, одржувањето на здрава телесна тежина и умерената консумација на алкохол го намалуваат ризикот од рак на дојка, дури и кај жените во чии семејства се појавува оваа болест.
Средствата за чистење на домот и освежувачите на воздухот влијаат негативно врз здравјето на жените. Жените кои редовно употребуваат средства за чистење и освежувачи се изложуваат на двојно поголем ризик од појава на рак на дојка во споредба со жените кои никогаш не користат вакви продукти.
Американски научници тврдат дека рибиното масло помага во заштитата од рак на дојка. Тие откриле дека кај жените кои редовно консумираат суплементи на база на рибино масло, ризикот од појава на рак на дојка се намалува со 32%.