Во пресрет на 15 септември, Меѓународниот ден за чистење на планетата (World Cleanup Day), Пивара Скопје, Пакомак и Амбасадата на Кралството Холандија, спроведоа акција чија цел е подигнување на свеста за потребата од замена на неразградливите пластични кеси со алтернативни решенија кои не ја загадуваат животната средина.