• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Вработените од Пивара Скопје на заедничко книжевно матине со младите од СОС Детско село

8 март 2019, 14:54
  • cподели

Вработените од Пивара Скопје и младите од СОС Детско село, на заедничко дружење, со низа активности, го одбележаа годинешниот Меѓународен ден на жената – 8-ми Mарт.

„Среќни сме што повторно имаме можност на овој начин да го одбележиме денот посветен на зацврстување и унапредување на улогата на жената во општеството. Вработените на Пивара Скопје уште еднаш покажаа подготвеност и желба да помогнат, овој пат на младите луѓе од СОС Детско село, со активности интересни и поучни за нив кои ќе им помогнат и ќе ги мотивираат на нивниот пат кон прераснување во здрави и одговорни индивидуи. Горди сме на компаниските вредности кои ги негуваме и остануваме посветени на обезбедување активен придонес во унапредување на квалитетот на животот на заедницата и градење квалитетно и инклузивно општество за следните генерации“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје

Најновата волонтерска акција се состоеше од емитување краток документарец посветен на историјата на Денот на жената, квиз, како и работилници на кои младите од СОС Детско село и волонтерите од Пивара Скопје читаа инспиративни приказни и разговараа.

„Соработката и пријателството со Пивара Скопје и понатаму продолжуваат, што нѐ прави особено среќни. Денешната размена на искуства, заедничкото учење и разговорите со луѓе успешни во своите професии, за нашите тинејџери се од големо значење и претставуваат вистинска поддршка и правилен поттик и насочување кон понатамошна успешна и самостојна иднина“, изјави националниот директор на СОС Детско Село Македонија, Јулијана Гапо.

Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје

Ова е уште еден од низата проекти кои се резултат на соработката меѓу Пивара Скопје и СОС Детско село. Минатата година, жените од сите работни позиции во Пивара Скопје го одбележаа Меѓународниот ден на жената заедно со најмладите од СОС Детско село, кога под мотото „Садиме љубов“ заеднички засадија цвеќе и други декоративни растенија за разубавување на амбиентот во дворот на СОС Детско село Скопје. Волонтерите од Пивара Скопје се дружеа со децата од СОС Детско село и за време на новогодишните празници, кога заедно подготвуваа традиционални новогодишни колачиња.

Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје Пивара Скопје
Tags
Пивара Скопје
СОС Детско село

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.