• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Горско пиво“ со збогатен вкус и во ново пакување

16 мај 2018, 14:32
  • cподели

Под мотото „Твое пиво, твој начин“, „Пивара Скопје“ официјално го пушти во продажба „Горско пиво“ во ново пакување и со збогатен вкус. Од компанијата велат дека со пуштањето на пазарот на збогатеното „Горско пиво“ всушност заокружуваат еден подолг технолошки процес, чија главна цел беше да се одговори на потребите на потрошувачите, особено на љубителите нa светли пива со полесен вкус во кој спаѓа и „Горско“.

„Иако брендот „Горско“ е релативно помлад член на семејството пива оригинално произведени од страна на „Пивара Скопје“, уште од неговото појавување во 2003 година успешно се позиционираше на македонскиот пазар. Денес на неговиот 15 годиншен јубилеј, континуитетот на оваа успешна приказна го заокружуваме со збогатување на неговиот вкус и освежување на неговиот изглед. Очекуваме дека со ваквиот чекор „Горско“ дополнително ќе ја зацврсти неговата пазарна позиција освојувајќи ги вистинските љубители на пивото“, изјавија од „Пивара Скопје“.

Со носечката порака на кампањата - „Твое пиво, твој начин“, преку која ќе се претстави новиот изглед на пивото и ќе се одбележи неговиот јубилеј, од „Пивара Скопје“ велат дека сакаат да ја одважат инвентивноста прикриена во секое ќоше од нашата земја, која извира од луѓето како еден вид на непроценливо богатство со кое располагаме.

„Токму тоа и претставуваше главната инспирација за кампањата, затоа што токму таков е и самиот карактер на брендот „Горско“ - пиво кое ги слави и обединува сите оние кои што знаат да го живеат животот на свој начин. Со новиот изглед и збогатениот вкус само ја прославуваме успешната приказна која што изминативе 15 години брендот ја изгради заедно со неговите верни потрошувачи“, истакнаа од „Пивара Скопје“.

Погледнете го новиот ТВ Спот за Горско:

Tags
Пивара Скопје
Горско

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.